Останато > Алат

Како да го направите вашето лемило потрајно

(1/6) > >>

BorceBT:
Сигурно сте сменале еден куп лемила затоа што прегорувале и прегорувале. Што е проблемот? Кинезите сакаат да ви прегоруваат лемилата за само да купувати и купувате. Освен ако не сте купиле многу квалитетно лемило и лемилата од средна класа знаат да прегорат после година или две работа. Веројатноста дека ќе направите „вечно“ лемило е многу мала но со следнава модификација ќе направите вашето лемило (кинеско или од средна класа како Solomon на пример) да трае барем 5 пати подолго отколку што би работело без оваа модификација.

Значи многу е едноставно: ја прекинувате едната жица од кабелот за напојување и вметнувате (значи сериски) диода 1N5408 за низ неа да тече струјата што влегува во лемилото. Вака:



Со оваа модификација се намалува моќта на лемилото за околу 30% но доколку на пример сте купиле посилно лемило (40-60W) ќе имате лемило од 30-40W кое ќе биде 5 пати потрајно од оригиналот. Дефинитивно се исплати.

Важно: Не ја применувајте оваа модификација на сервисните „пиштол“ лемила!!!

macobt:
Здраво борче
За да ја намалиш снагата од 30 вати на 25,кој исправувач да искористам,зашто ако искористам 1N5408 да не ја намалам прмногу снагата на лемилото.
Поентата ми е,сакам лемилото да не работи со 100% ;D

BorceBT:
За да ја намалуваш снагата на лемилото колку сакаш во проценти може да искористиш обичен димер за сијалици.

macobt:
Знам за варијантата со димерот,него мене ми е да ставам во него некој тип на исправувач  кој ке ја намали за 20% снагата.да не биди преку димер па во леткумот.

BorceBT:
Нема начин, отпорници и зенер диоди не доаѓаат во предвид бидејќи неможат да бидат толку мали за да ги собере во лемило а да можат толку вати да „изгубат“ без да прегорат.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version