Author Topic: предлог до администрацијата да наметне ново правило.  (Read 2942 times)

Offline donis92

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
сакам да се смени нови членови кога се зачленуваат да не ги прашувате колку е саатот туку некое прашање поврзано со електроника. како на рускиот форум. пошто ова е безредие веќе
d.t

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: предлог до администрацијата да наметне ново правило.
« Reply #16 on 18.04.2012, Wednesday, 17:49:58 (Edited 18.04.2012, Wednesday, 17:51:39) »
Околу предлогот на maci, сметам дека е добро нешто но тоа зависи само и само од совеста, добронамерноста и културата на членот, тој ако сака да каже што направил и дали го решил проблемот, на каков начин го решил проблемот е добро, но ако не е добар човек ке гледа само да искористи и замини. Тоа е тоа, се зависи од самиот член. Никој од нас не може ништо да направи. Да го наметнеме како правило? Па кој ке го почитува? Пак оние што и до сега биле фер и кажувале а оние што криенката ке избегаат пак ке го прават истото само што ке прават и прекршок. Повеке работа за нас админите и модераторите на овој непрофитабилен форум.

Народе македонски, знаете ли што ми се има случувано? Колку пати сум добил порака од типот: избриши ја темата, го решив проблемот. Што со овие членови ?
Друго нешто, нели членот кој ја отворил темата може да ја избрише, имам видено избришана тема, одкако членот дошол до решение на проблемот токму преку помошта од членовите. Што со овој тип на луѓе?

неможеме да им наметнеме како правило ама може да им напоменуваме или напоменувате кога давате одговори да не заборави членот да напише конечно решение.
или сепак можеме:
предлог до администрацијата да наметне ново правило.
Koj став ке го заземеш ? Ако е новиот, смени наслов...

Нема шанси да се усвои правилото ( се се сведува на културата и бон тон однесувањето на членовите) што ако не пишат фала што ке ги банираш или казниш ??
ај дека може за 30 секунди? ама не сакам ниту јас ниту било кој друг администратор или модератор да го додаде како правило без да се консултира со остатокот од администрацијата и да побара мислење. Да се договорат одредени услови и сл. работи.

Околу кирилицата, искрено мене ми е полесно да читан и пишувам кирилица одколку македонски латиница (англиски е друго), а порано ми беше полесно да пишувам на латиница... се е до навиката.

сакам да се смени нови членови кога се зачленуваат да не ги прашувате колку е саатот туку некое прашање поврзано со електроника. како на рускиот форум. пошто ова е безредие веќе
Има многу што немаат врска од електроника а се зачленуваат да прашат нешто, да си решат некој проблем, да научат нешто. Ако го направиме тоа, ке се зачленат никогаш.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Баш фино си објасни..
У право си...

@batka
Не се работи чив е форумот, него колку квалитетно ке се направи...Квалитетот не само од наша страна, туку и за квалитет кој ке се допринесе и од членови од страна...
Што вреди ако имаш затворен круг? Ништо...Голем дел од работите на форумот се превзимаат од странски форуми, од други јазици, други писма...

Убаво си кажа Декстер....Се е до навика...Па така и пишувањето...
Ова е сепак форум за електроника, се знае што е унифицирано и кое писмо е унифицирано...
Единствено руските форуми се на кирилица, и еве нашиов...Можеби и некој полски...

Мене не ми смета, но мутаво изгледа кога ќе напишеш ТДА3654 или ПИК бла бла бла...
А заморно е и безвезе е да мењаш цело време кирилица латиница, кирилица латиница, + 99% од случаевите без да погледнам куцам у веб браузерот њњњ наместо www...
Тоа ми беше зборот...

Инаку правилата не ги напишал еден човек, ги напишала администрација, сочинета од повеќе членови...Членовите решиле тие да бидат правилата, и ако ти се допаѓаат, во ред, во спротивно доколку не ги почитуваш ке бидеш санкционран, што и треба да биде...СО тоа се согласувам...

Ова како што реков беше предлог кој јас искрено го почитувам и го применувам на еден куп форуми каде што сум член...И доколку во моментот не успеам да најдам некое решение, едноставно пишувам дека во моментот немам решение на проблемот, и кога ке имам време, ако успеам да го решам, ОК, во спротивно пишувам се откажувам итн...
Но тоа зависи пред се од човекот...Се случува и јас да заборавам нешто застарено, но секако ако некој види или било што може слободно да ме подсети или да праша, па нормално темата ке добие онаква завршница како што и доликува...
Тоа е тоа...
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
затоа повеќе пати е спомнато дека имињата на компоненти и некои стручни поими се оставаат со нивното вистинско име, нели глупаво би било оваа дискусија да се води на латиница ?
кога ја има кирилицата, исто како Dx-er и мене ми е многу попрегледно и полесно кога читам на кирилица

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Сале и останати! Да ви кажам дека од 92 наваму кршам копја со многу *стручњаци* од литературата и техниката за овие прашања: кога прв пат започнавме да правиме комплети за вежби по електроника во 1992 г. се јавија со мислење дека дури В;С;Е на транзисторите треба да ги преведеме на македонски како Б,Ц;Е ! Ја с се побунив бидејки во техниката постојат правила кои не треба да се менуваат - пример ознаките за отпор,струја,напон НЕ СМЕАТ да се пишуваат како ом,И,У туку онака како предвидуваат меѓународните норми - омега( транскрипција-немам грчки знак) ,па I,U,R,W,V и други. Меѓутоа и во македонскиот јазик се одомаќени и општо прифатени повеке термини кои се дел од светската технолошка практика и кои би биле глупаво преведени на Македонски јазик.Хрватите нешто пробаа ,ама длабоко заглавија со нивните преводи на* ново* хрватски,па полека се вратија на старо.Зборот ми беше - пишувајте македонски,но техничките детали можете да ги оставите во оригинал и така секој би ве сватил.Пример - не можеш само на македонски да решаваш задачи математика,бидејки има грчки букви,симболи итн.Спрема мене ознаките на транзисторите е потребно да се означуваат оригинал,латинично исто како и интегралните кола и други елементи.Ама во слободна конверзација глупаво би било да се допишуваме на македонски,со латиница! Ни си имаме -кирилица и треба да си се држиме за јазикот и правописот.

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Се слагам со констатацијата, и покрај тоа што е максимално напорна и безвезна...
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
неможеме да им наметнеме како правило ама може да им напоменуваме или напоменувате кога давате одговори да не заборави членот да напише конечно решение.

И ова го имаме правено, џабе, најчесто членовите не се одзвале или се одзвале по месец, два три ::).

Никој не очекува да бидете баба ванѓи, но освен на секој пост што кажувате да се пишува кирилица, поефективно би било да се обрне внимание на насловите...

Верувај, сите од администрацијата секојдневно (мене сигурно ми се случува барем 3 или 4 пати во денот) корегираме наслови на теми и преместуваме од една во друга секција. Верувајте, да не го одржувавме форумот како што го одржувавме до сега, хаос ќе беше. Искрено, лично јас, би сакал да биде и посреден, но тоа одзема време и енергија. Не сме секогаш способни да го правиме тоа истовремено (да го одржуваме форумот и истовремено да бидеме членови кои допринесуваат за неговото збогатување). Едноставно, малку сме.

Убаво си кажа Декстер....Се е до навика...Па така и пишувањето...
Ова е сепак форум за електроника, се знае што е унифицирано и кое писмо е унифицирано...
Единствено руските форуми се на кирилица, и еве нашиов...Можеби и некој полски...

Да, во право си, повеќето форуми се на латинично писмо, но на повеќето јазици латиничното писмо им е „матично“ писмо (писмо на кое нормално се пишува на јазикот). Како и да е, поентата ми беше дека иако можеби се користи латинично писмо на повеќето форуми, сепак, на форумите кои се стриктно од и за определено подрачје или држава, се комуницира на јазикот кој се зборува на тоа подрачје или држава, како и на овој форум ;).

Мене не ми смета, но мутаво изгледа кога ќе напишеш ТДА3654 или ПИК бла бла бла...

Да знаеш на мене колку ми е глупаво, но тоа е тоа :S. Гледам колку што можам да ги корегирам ознаките и брендовите барем во насловите на темите да бидат на латиница, но не можам секаде да постигнам :S.

А заморно е и безвезе е да мењаш цело време кирилица латиница, кирилица латиница, + 99% од случаевите без да погледнам куцам у веб браузерот њњњ наместо www...
Тоа ми беше зборот...

Верувај навика е, и јас исто мислев кога прв пат се зачленив на форумов. Навика е ;), по некое време почнав махинално да го правам. А за тоа за www и њњњ, да, и на мене еден куп пати ми се има случено, но не ми пречи нешто многу ;). Не ме кошта премногу да стискам по едно Alt + Shift ;). Проблем е ако имаш инсталирано повеќе од две поддршки за јазици, но ако имаш само Македонски и Англиски инсталирано, воопшто не е проблематично, се навикнуваш по некое време ;).

Ова како што реков беше предлог кој јас искрено го почитувам и го применувам на еден куп форуми каде што сум член...И доколку во моментот не успеам да најдам некое решение, едноставно пишувам дека во моментот немам решение на проблемот, и кога ке имам време, ако успеам да го решам, ОК, во спротивно пишувам се откажувам итн...
Но тоа зависи пред се од човекот...Се случува и јас да заборавам нешто застарено, но секако ако некој види или било што може слободно да ме подсети или да праша, па нормално темата ке добие онаква завршница како што и доликува...
Тоа е тоа...

Е ова е ОК, одлично, ама не секој постапува вака :S.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Најмногу што ме нервира на форумов е тоа што, наместо да глдате да го решите проблемот првин, вие гледате дали е напишано според правопис, дали е во точна тема сместено, дали е на кирилица. Значи најдобро е првин да се реши проблемот, па после да се преместува, брише, корегира итн.

Offline donis92

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
Најмногу што ме нервира на форумов е тоа што, наместо да глдате да го решите проблемот првин, вие гледате дали е напишано според правопис, дали е во точна тема сместено, дали е на кирилица. Значи најдобро е првин да се реши проблемот, па после да се преместува, брише, корегира итн.
и одиме лајк лајк лајк бравос! ми се свиѓа мислењето 8) 8)
d.t

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Хахахахахаха  ако сите започнат да ставаат се и сешто,каде и да им падне и да чекаат администрацијата да им го реши проблемот,па да го * смете и ѓубрето* зад нив ,тогаш тоа нема Форум да се вика.Ајде  вака,за секое одговорено и средено прашање членот да плаќа * донација* или како ке се вика тоа по желба!  Каде пишува правило дека администрацијата мора да одговора на сите ваши прашања ???? Администрацијата само го организира и одржува Форумот,а дали некој член ке одговори или никој нема да одговори на некое твое прашање ,тоа е друга приказна.Во одговорите сите членови се равноправни,без исклучок!!Секој има право да одговори или да не одговори на некое прашање.Во зависност колку е интересно или некому се допаѓа темата или не.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Најмногу што ме нервира на форумов е тоа што, наместо да глдате да го решите проблемот првин, вие гледате дали е напишано според правопис, дали е во точна тема сместено, дали е на кирилица. Значи најдобро е првин да се реши проблемот, па после да се преместува, брише, корегира итн.

Значи муабетов излегува, ние само да средуваме и да им пишуваме на сите одговори (не дека сакаме така да биде, најсреќни ќе бидеме ако членовите сами си помагаат, и ќе напоменам дека во последно време се повеќе и повеќе се јавуваат членови кои помагаат и им ги решаваат проблемите на останатите, секоја чест на текавите членови, тоа е одлично ;)). Нема проблем, и тоа би го правел, но за определена сума на пари (но не прениска, се разбира). Бидејќи никој од нас не е платен за тоа што го работи (не ме сваќајте погрешно, тоа не значи дека не сакам да бидам дел од администрацијата на форумот), затоа и останатите членови треба да ги почитуваат правилата на форумот и да помагаат околу одржувањето со тоа што нема да ги прекршуваат правилата.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Hahahaha

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 726
Хахахахахаха  ако сите започнат да ставаат се и сешто,каде и да им падне и да чекаат администрацијата да им го реши проблемот,па да го * смете и ѓубрето* зад нив ,тогаш тоа нема Форум да се вика.Ајде  вака,за секое одговорено и средено прашање членот да плаќа * донација* или како ке се вика тоа по желба!  Каде пишува правило дека администрацијата мора да одговора на сите ваши прашања ???? Администрацијата само го организира и одржува Форумот,а дали некој член ке одговори или никој нема да одговори на некое твое прашање ,тоа е друга приказна.Во одговорите сите членови се равноправни,без исклучок!!Секој има право да одговори или да не одговори на некое прашање.Во зависност колку е интересно или некому се допаѓа темата или не.

Значи не мислев на администраторите да го решат проблемот, туку темата да си стори како што е и некој член на форумот да даде решение, па после да се преместува.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Значи не мислев на администраторите да го решат проблемот, туку темата да си стори како што е и некој член на форумот да даде решение, па после да се преместува.

Ама и да преместиме тема, цело време ставаме пренасочувачки теми кои стојат сигурно барем недела дена во подфорумот од кој е преместена темата. Не гледам каде е проблемот.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Јас мислам дека проблем се правилата.Веројатно не сте ги или не сакате да ги прочитате!  Во ред е да згрешиш,ама постојано,на секое отворање на тема да згрешиш - веројатно нешто не е во ред!! Затоа,седнете и прочитајте ги павилата,прашајте и ке биде ОК. И друго - не сакате да се навраќате наназад за да видите како или каде другите погрешиле.Стално повторувам - читајте ги постарите постови и теми каде се пишувало веке за таков или сличен проблем.Така можеби ке најдете одговор и пред да го поставите прашањето.Воочливо е дека многу слични ( дури и исти) прашања се вртат периодично. Значи сите сте тука некаде и дури меѓусебно го ширите разговорот за иста шема ( или тема) па повекемина ја имаат истата дилема дали и како да ја направат.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: предлог до администрацијата да наметне ново правило.
« Reply #29 on 19.04.2012, Thursday, 17:37:33 (Edited 19.04.2012, Thursday, 17:39:52) »
Значи не мислев на администраторите да го решат проблемот, туку темата да си стори како што е и некој член на форумот да даде решение, па после да се преместува.
не ја гледам логиката на твојата идеа, зошто после да се премести а не прво ?
ајде и тоа да го направиме, ке памтиш ли за денешниве 15 отворени теми, после 1 месец која кај да се премести ? Ако не памтиш пиши си на ливче, чукај си главата, твој проблем... ја мислам дека не иде.

ВАЖНО: Бидејки темава отиде во офф топик и целта на дискусијата се прелеа на друга страна, истата ке биде заклучена за некое време. Башка членот Маци иако се логира, избегна да одговори на моето прашање околу неговите контроверзни постови.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.