Author Topic: АМ радио со 555  (Read 1795 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
АМ радио со 555
« Opened on 05.03.2012, Monday, 22:32:36 »




Повеке:
Code: [Select]
http://tubetime.us/?p=85
AM Radio using 555 timer IC
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: АМ радио со 555
« Reply #1 on 06.03.2012, Tuesday, 08:33:13 »
Сум го видел ова,ама да не се разочара некој,малку е подобро од детекторски приемник за средни бранови.Еве и pinout за NE 555 ,ако некој сака да го направи.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: АМ радио со 555
« Reply #2 on 11.12.2013, Wednesday, 20:17:53 »
Знам дека темава е стара но пола од деловиве што се вика ги имам дома.Го имам променливиот кондензатор го имам потенциометарот,го имам звучничето е сега калемот колкав треба да биде.Нема врска бројот на навивки или требаше да биде нешто повеќе од сто ми се најде една слична шема па таму пишуваше од 100 до 130 навивки затоа пишувам 100 претпоставувам незнам.Но сега не сум сигурен дали шемата беше за АМ подрачјето.И калемов гледам е намотан на обична ролна значи не треба да се запазува на јадрото и сигурно ова дијаметарот радиусот на калемов не е битен.Сигурно и дебелината на жицата не е битна,отприлика еден милиметар или нешто повеќе или помалце.Ова ми е како претпоставка бидејќи мислам дека кај АМ приемниците нема некој квалитетен звук и преносот воопшто не е добар.Нели кога се врши модулација пораката се втиснува во амплитудата на сигналот во така наречената анвелопа.Анвелопата секогаш треба да биде позитивна нели бидејќи се работи за КАМ сигнал и за да демодулаторот може да го прочита сигналот мора секогаш анвелопата да е позитивна.Значи нели наједноставен демодулатор е демодулаторот со нелинеарен елемент тоест јас како што знам секој АМ приемник мора во својот состав да има барем една диода.Како работи овој тогаш.Или ако нема диода мора да има барем еден нелинеарен елемент може и со транзистор.Е сега незнаев дека НЕ 555 се понаша како нелинеарен елемент.Но да не должам ако некој знае за калемот колку навивки треба и колкав треба да биде дијаметарот и колку треба да биде дебела жицата нека пише.Благодарам однапред ;) ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: АМ радио со 555
« Reply #3 on 11.12.2013, Wednesday, 22:20:47 »
Овој приемник како детектор користи еден дел од ИК 555.Тоа е рефлексен приемник со мало појачување ,слично на детектор со еден степен транзисторско НФ засилување.Бидејќи * ништо не е битно*,стави 80 намотки на тело 3 см со изводи на 60 и 70 намотка,со бакарна лак жица 0,3-0,4 мм диаметар и зголеми го кондензаторот ( променлив) на 250 пФ.Морада се стави антена ,барем 5-6 метри,бакарна жица 0,8 мм минимум.Антената се монтира што повисоко во воздух.Пожелно е да се стави заземјување.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: АМ радио со 555
« Reply #4 on 11.12.2013, Wednesday, 22:33:41 »
Благодарам многу батка за прецизниот одговор ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш