Author Topic: WiNRADiO  (Read 2650 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
WiNRADiO
« Opened on 04.03.2012, Sunday, 23:03:29 (Edited 04.03.2012, Sunday, 23:05:36) »
Приемниците имаат доста голема примена во радиотехниката и во комуникациите. Нешто што мене посебно ме импресионира е WiNRADiO. Тоа не е само еден обичен применик каде што можеме да слушаме Antenna FM или Радио Скопје.... Ова е приемник што фаќа се што може да се фати, Го има како надворешна компонента за поврзување со компјутер, а со тоа доаѓа и софтвер. Исто така го има и како хардвер за во десктоп компјутер. И двете опции се добри ама коштаат многу многу пари.


превземено од страната ригреференц

Приемник како надворешна компонента мене ми се бендисува најповеќе бидејќи може да се уклучи на било кој компјутер.



Ова е оригинален софтвер кој што може да се користи за винрадио, ист е за сите модели односно изведби.



Винрадио како хардвер за десктоп компјутер



Добри се и двете опции. Јас сепак би се одлучил за првата изведба како надворешна компонента бидејќи ако користиш хардвер за десктоп компјутер со тек на времето кога нема да се произведуваат матични плочи со таков слот, тогаш ќе мораш цел компјутер колку и да е стар да го чуваш бидејќи хардверот не може да се користи во тогаш посовремени матични плочи.

Winradio е приемник кој што работи од 15 килохерци хо 2,6 гигахерци. со ова можеме да слушаме радиоаматери, авионска комуникација, бродска комуникација, пожарникари, полиција, таксисти и така натаму и така натаму. Сакам вакво нешто да купам ама со оглед дека до лани беа околу 1000 евра, еееееееее многу е тоа за мене. Секоја чест за WinRadio ова нешто заслужува почит  ;)
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: WiNRADiO
« Reply #1 on 05.03.2012, Monday, 13:53:24 »
Браво за темата, одлично инфо! Сепак за наш македонски стандард се скапи овие приемници. Ова нели е SDR приемник ? Се прашувам што ли има на радио фрекфенциите од 15-50KHz ???
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: WiNRADiO
« Reply #2 on 05.03.2012, Monday, 21:47:20 »
таа фреквенција од 15-30 килохерци не знам каква би била и за што. тоа се километарски бранови  и милсма дека спаѓаат во VLF - Very Low Frequency. Тоа највероватно се користи за некаква си комуникација меѓу подморници, ама да не бидам смешен ќе кажам дека не сум сигурен. со овој уред можеш да ги слушаш дури и тие фреквенции, апсолутно сите комуникациски фреквенции и сите модови.
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: WiNRADiO
« Reply #3 on 05.03.2012, Monday, 21:51:21 »
така е, но подморниците комуницираат и на пониски фрекфенции (78Hz мислам дека беше). Во секој случај комуницираат дигитално оти на 78Hz нема шанса да се модулира аналоген говор :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: WiNRADiO
« Reply #4 on 05.03.2012, Monday, 22:16:25 »
Ова е убава работа, но многу скапа, би земал вакво нешто кога би имал пари за фрлање ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: WiNRADiO
« Reply #5 on 06.03.2012, Tuesday, 09:06:31 »
Во тие 1000 ЕУ лежат две станици или барем една нова со скенер ,да ти види господ  ;D ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: WiNRADiO
« Reply #6 on 06.03.2012, Tuesday, 14:16:18 »
Во тие 1000 ЕУ лежат две станици или барем една нова со скенер ,да ти види господ  ;D ;D

Тие фаќаат исто како ова чудо, било која фреквенција ???.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: WiNRADiO
« Reply #7 on 06.03.2012, Tuesday, 22:34:08 »
Во тие 1000 ЕУ лежат две станици или барем една нова со скенер ,да ти види господ  ;D ;D

Тие фаќаат исто како ова чудо, било која фреквенција ???.
па скоро да
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: WiNRADiO
« Reply #8 on 07.03.2012, Wednesday, 01:28:09 »
Еве погледајте го ова,добро и евтино

Code: [Select]
http://www.icomamerica.com/en/products/amateur/hf/706/specifications.aspx
супер цена ! И Ајком е... ;D

Code: [Select]
http://www.ebay.com/itm/IC-706MKIIG-HF-VHF-UHF-Parts-Repairs-/130656787413?pt=LH_DefaultDomain_2&hash=item1e6bc05bd5#ht_618wt_112

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: WiNRADiO
« Reply #9 on 08.03.2012, Thursday, 18:18:15 »
да, ама види.......... Item condition:   For parts or not working. Тој модел на радиостаница е околу 900 евра исправна
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: WiNRADiO
« Reply #10 on 08.03.2012, Thursday, 20:15:17 »
Како модел ти кажувам! За 1000 ЕУ имаш + 100W Тх.