Author Topic: Заштита од превисок напон  (Read 712 times)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Заштита од превисок напон
« Opened on 30.01.2012, Monday, 04:23:26 (Edited 20.08.2013, Tuesday, 02:33:53) »
Го изработив електронскиот товар за константна струја со lm358 и му дојде време да го сместам во кутија, ама дека користам мосфети со работен напон до 55V сакав да му направам заштита некоја во случај да му донесам преголем напон на влезот, требаше првин да се провери напонот колкав е па потоа да се вклучи реле за оптоварувањето. па еве ја шемата што ја направив:



мене ми е нагодено за напон над 44V да не се уклучи релето, со тримерот од 10К се регулира на колкав напон да се гаси релето. за напојување на колото се користи стабилизиран напон од 12V. напонот што треба да се носи на товарот се носи на Vin. на Vin се носи позитивниот пол од напојувањето. одкако ке се уклучи колото на напојување после 5 секунди се пали релето за да може да протече струја. ако напонот е преголем се пали лед диодата LD1, а релето не се пали за да не рикнат мосфетите...

и еве за кој товар го правев ова:

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=6060.0

ако има некое прашање прашајте ке одговорам...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)