Author Topic: FM приемник со 1 фет транзистор  (Read 4839 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
FM приемник со 1 фет транзистор
« Opened on 15.03.2010, Monday, 11:48:11 (Edited 15.03.2010, Monday, 11:51:09) »
Ова е шема на ФМ применик кој содржи само еден фет транзистор од типот BF245. На излезот може да приклучите слушалки доколку станицата која ја примате е моќна или да го поврзете на некој засилувач доколку сакате да ги слушате и послабите ФМ радио станици.



ВФ пригушницата (L2) е од малите пригушници што се во форма на отпорник и може да биде од 22uH (микро-хенри), 33uH или 100uH. Со тример кондензаторот C3 се бираат станиците. Антена (жица 70цм) може да се стави на горниот крај на тример кондензаторот преку кондензаторче од 2.7pF но во населено место со силни радио станици нема ни потреба.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Cyberking

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 136
Колку е големината на плочата за ова  :-\

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
не верувам дека плочката би била поголема од 4Х4 см... аааа...L1 како се мота???
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
L1 како на сликата: 2 намотки па извод па пак уште 2 намотки со жица 0.8 до 1мм тело 0.8 до 1цм :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Gestak

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 240
  • Gender: Male
A трензисторот лесно се наоѓа,на пример во алфа електроник Битола.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Да, го има скоро во секоја продавница за електроника, а пригушницата (L2) само во подобро снабдените продавници за електроника.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Gestak

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 240
  • Gender: Male
Она кондезаторчето што е од 2,7pF,може да се замени со 10pF или 3.3pF.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
кај гледаш таков бе ??
јас не мом да најдам
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Gestak

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 240
  • Gender: Male
Одг: FM приемник со 1 фет транзистор
« Reply #8 on 18.03.2010, Thursday, 22:22:30 (Edited 18.03.2010, Thursday, 22:29:02) »
Онај кондезатор што е за антената од кај тримерот треба да оди преку кондезатор 2.7pF за него, прочитај го текстот после шемата таму пишува.И ако може малку повеќе од кај калемите за Л1 колку навивки треба и за Л2 дали може да се изведи со навивки.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Па ако ставаш до кај 3,3 ама немој многу да се оддалечуваш со pF ;D
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Gestak

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 240
  • Gender: Male
Одг: FM приемник со 1 фет транзистор
« Reply #10 on 25.03.2010, Thursday, 21:14:55 (Edited 25.03.2010, Thursday, 22:33:16) »
Дали ќе може калемите да се изведат со обична жица,само ако може некој да ми поможи колку навивки за L1, 2 навивки кондезаторот 2 навивки,само колкава дебелина на жица ке е потребна, а за L2 колку ќе треба навивки и дебелина на жица затоа што не најдов да купам.Ако можи некој побргу да ми каже оти се ми е направено уште калемите останаа да ги ставам на плочка.Благодарам од напред  ;D

Споено мислење: 25.03.2010, Thursday, 22:33:16
Ако може што побргу да ми кажете оти за утре ми треба. :(

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
вака, најчесто се користи 0,5-0,8cm доколку не е наведено поинаку

И чекаме слики и опис, како функционира радиото  ;)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Gestak не ни кажа, што бидна со радиото ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Gestak

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 240
  • Gender: Male
Го напрев арно ама не проработи изгоре фетот :(,сега затоа прашував како му е редоследот на нозете на шемата,ако се ко на сликава најпрвен така беше.



Ако не се ко на сликата оти можи дрејнот да биде долу сорсот горе на шемата не е кажано горе,и + не најдов  калем за L2 и го прешаф професорот на сколија од прилика за 22 33 100uH,и ми кажа да става од прилика 5 навивки,е сега ке купам др транзистор и ке пробам како што е на сликата само со 8 навивки.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: FM приемник со 1 фет транзистор
« Reply #14 on 28.03.2010, Sunday, 11:47:57 (Edited 17.10.2014, Friday, 00:16:28) »
Тоа L2 - 22, 33 или 100uH, 100uH има готова пригушница во форма на отпорник во алфа електроник не се мачи да моташ и купи таква. Транзисторот: дрејнот е горе (на плус) а сорсот долу (на минус). На тој транзистор (BF245) нозете му се вака:

Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.