Во аматерски услови малку е потешко да се направи едноставен уред за мерење капацитативност.Електролитските кондензатори најдобро се мерат со ESR метар (има неколку теми на Форумов!).Ако сакаш самиот да изработиш уред за мерење капацитет,а притоа да биде поедноставен ,еве две шеми како предлог.Изработени се и функционираат.Е,сега ако имаш некое предзнаење полесно ке се снајдеш.Што не ти е јасно прашај.