Електронски уреди > Бела техника

Проблем со Kenwood/Kenmore 30 610 f машина за перење.

(1/2) > >>

Nenaspan:
Се работи за машина за перење ама од оние мини малите што се. Машинава е дигитална и релативно нова ама од пред некој ден не се отвора и дава на дисплеј FC  тоа е некој си ерор  најдов на нет за еророт дека е некој проблем помеѓу плочите или сл.
Е сега прашањето ми е како да ја отворам дали има некој начин за механичко отварање бидеќи веќе 2 дена стојат алиштата внатре  ???
Поздрав

ZareBt:
Најубо ти е ако ти е под гаранција да си ја однесиш тие ќе ти ја отворат.
Оти ако ја отвориш ти, па после пак да ти се расипи не дај боже нема да ти ја признат гаранцијата!!

Nenaspan:
фала но одговорот но мислев да не има некое скриено копче / механизам и сл за вакви случаеви како на пример што можи секој ЦД-ром да се отвори со игла

Bojan:
има измислено неколку работи за отварање, некои од тие се: штрафцигери, хебла, брусалка и се друго што можеш друго да замислиш...такво нешто што бараш непостои....

didy:
Кај постарите југословенски модели има рачка од долната страна така да може и рачно да се отвори вратата, кај нишките модели мислам, сум заборавил, дали оваа машина има раче на вратата за отварање, или со копче се притиска за да се отвори, поточно дали бравата е механичка или со реле?
а дали си ја исклучол од утикачот? бидејчи додека работи ако е со ПТЦ отпорник додека е под напон тој е загреан и го блокира механизмот за отварање, ова е случај кај механичка брава.
во ској случај навали ја и погледни од долна страна што ќе видиш, па напиши што бидна  :)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version