Аналогна електроника > Високонапонска техника

Високонапонско трафо или ?

(1/5) > >>

Aleks:
Пои,

Денеска од 2 плочи од лампаш телевизори извадив 2 трафоа на кои за жал налепниците се од никаква помош (се излижани и искинати).

Трафата ми изгледаат во добра состојба, немаат некои физички модринки или знаци на мавање со чекан.

Од едната страна има 3 изводи, Црвена, Зелена и Црна жица, притоа црната жица е залемена за држачон на трафото каде што и има и друг извод залемен од самото трафо.

Од другата, излезната ваљда, страна на трафото има 5 изводи во различни бои.

Слика :



Со помош на ом-метар ги најдов изводите и им ја запишав отпорноста меѓу нив :



Што мислете дека овие трафоа би можеле да бидат ? Дали ќе бидат (доколку работат) корисни за изведба на засилувачот со PL84 ? Може ли некој да ми сугерира кој извод што би бил за да можам идната недена на вариабилен трансформатор во школо да ги истестирам ?

Пои пои ~

Devil:
кај некои телевизори со ламби не се користат излезни трансформатори
излезот најчесто му е во спој од 2 ламби една PL84 ( најчесто се користи во ТВ ) и плус уште една незнам точно како се викаше со која отпорноста се намалува на 600 оми и после само се користат звучници со толкава отпорност
излезно трафо најчесто личи на 5-8 вати обично трафо, јас тие што ги има од двете страни имаат по 3 жици
од кои 2 се користат за излез и 3 се користат за влез едната не ми е поврзана таа е на излезот и зависи од звучникот

Aleks:

--- Quote from: Devil on 26.02.2010, Friday, 23:00:59 ---кај некои телевизори со ламби не се користат излезни трансформатори
излезот најчесто му е во спој од 2 ламби една PL84 ( најчесто се користи во ТВ ) и плус уште една незнам точно како се викаше со која отпорноста се намалува на 600 оми и после само се користат звучници со толкава отпорност
излезно трафо најчесто личи на 5-8 вати обично трафо, јас тие што ги има од двете страни имаат по 3 жици
од кои 2 се користат за излез и 3 се користат за влез едната не ми е поврзана таа е на излезот и зависи од звучникот


--- End quote ---

Во горниот пост никаде не спомнувам излезно трафо за звучници :)

Ме интересира дали може да ги искористам како анодно напојување на ламбите. Излезни трафоа допрва ќе барам.

Devil:
ок, моја грешка ;D
јас си помислив да не бараш за излези
ама ете сега знаеш нешто за ним :D

LordZi:
Уклучи го на 220 да видиме што напони ќе даде на излез, вака према отпорите би требало да ти заврши работа 380 ома излезот, а кој знае, можда 6 омскиот ќе го биде и за греачите...

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version