Author Topic: Старо радио со ламби  (Read 4511 times)

Offline Vlatzki

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Старо радио со ламби
« Opened on 11.07.2011, Monday, 22:19:48 »
Здраво на сите, во подрум имам едно старо радио со ламби, и е купено од Полска, некаде во почетокот на 20тиот век... Радиото е со 5-6 ламби во него, и ме интересира за што можам да ги искористам тие ламби или за колку би можел да ги продадам ако се исправни. Поздрав.  :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Старо радио со ламби
« Reply #1 on 11.07.2011, Monday, 22:23:12 »
Подобро пробај реставрирај го ако можеш, ако е навистина купено на почетокот на 20-тиот век, можно е да чини доста пари ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Одг: Старо радио со ламби
« Reply #2 on 11.07.2011, Monday, 22:29:12 »
Подобро пробај реставрирај го ако можеш, ако е навистина купено на почетокот на 20-тиот век, можно е да чини доста пари ;).

Послушај го GigaWatt, тоа радио е антика, пробај да го поправиш и пробај си ја среќата во продажба или пак можеби користи си го :)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Старо радио со ламби
« Reply #3 on 11.07.2011, Monday, 22:40:17 »
Послушај го GigaWatt, тоа радио е антика, пробај да го поправиш и пробај си ја среќата во продажба или пак можеби користи си го :)

Да беше мое, искрено, би си го користел, не би го продал ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Vlatzki

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Одг: Старо радио со ламби
« Reply #4 on 12.07.2011, Tuesday, 01:16:07 »
Не знам за што би го користел радиото... Не сум уклучил радио од пред 4-5 години, се префрливме сите на компјутер и на телевизор... :) Туку за  старото радио не знам дали е во работна состојба, некако ми е страв да го уклучам во струја бидејќи сум сосема сигурен дека ќе пукне нешто или ќе се запали. Па во тој случај целото радио би било изгорено...  :(

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3232
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Одг: Старо радио со ламби
« Reply #5 on 12.07.2011, Tuesday, 01:35:37 »
отвори го, исчисти го целото од прашина, и уклучи го во штекер, не би требало ништо да се деси :)
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Старо радио со ламби
« Reply #6 on 12.07.2011, Tuesday, 01:44:57 »
Туку за  старото радио не знам дали е во работна состојба, некако ми е страв да го уклучам во струја бидејќи сум сосема сигурен дека ќе пукне нешто или ќе се запали. Па во тој случај целото радио би било изгорено...  :(

Не се секирај, галвански е одвоено целото со трансформатори, и од мрежата и од звучникот. Најмногу што може да се случи е да прегори осигурувач во радиото ;). Плус, ако е лампашко, како што кажуваш, лампите имаат доста голема толеранција на високи напони ;). Нема ништо страшно да се случи дури и ако нешто во него е расипано, па на некоја лампа се носи поголем напон (што е многу редок случај, најчесто напоните може да бидат пониски во определен степен од некој уред поради дефект, а не повисоки).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline BOBAN

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 559
  • Gender: Male
  • Keyboard not found. Press F1 to continue
Одг: Старо радио со ламби
« Reply #7 on 12.07.2011, Tuesday, 02:08:00 »
Закачи го на лицитација  ;D :D ;)

Offline Vlatzki

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Одг: Старо радио со ламби
« Reply #8 on 12.07.2011, Tuesday, 23:20:14 »
Го проверив радиото, му фали звучник и кабел за струја (кој најверојатно е изгрицкан од глувците)... Го исчистив малку али немав време да го проверам подетаљно за кратки споеви да не има случајно. Деновиве кога ќе бидам послободен со време, ќе го ѕирнам подетаљно радиото, па може и ќе му ставам звучник и ќе го укључам. Ќе ве известам за понатаму. :)

Offline BOBAN

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 559
  • Gender: Male
  • Keyboard not found. Press F1 to continue
Одг: Старо радио со ламби
« Reply #9 on 13.07.2011, Wednesday, 04:17:45 »
Го проверив радиото, му фали звучник и кабел за струја (кој најверојатно е изгрицкан од глувците)... Го исчистив малку али немав време да го проверам подетаљно за кратки споеви да не има случајно. Деновиве кога ќе бидам послободен со време, ќе го ѕирнам подетаљно радиото, па може и ќе му ставам звучник и ќе го укључам. Ќе ве известам за понатаму. :)
ај кабелот, зар и звучникот  :o што звучник че беше тоа (некој дрвен)  ;D ;D

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5324
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Старо радио со ламби
« Reply #10 on 13.07.2011, Wednesday, 06:17:46 »
само пази каков звучник треба, дали треба од 300-600 оми или стандарден од 4-8 оми :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Старо радио со ламби
« Reply #11 on 13.07.2011, Wednesday, 14:39:04 »
само пази каков звучник треба, дали треба од 300-600 оми или стандарден од 4-8 оми :)

Ако има излезен транзформатор, не му треба високоимпедансен звучник ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5324
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Старо радио со ламби
« Reply #12 on 13.07.2011, Wednesday, 16:21:53 »
ако има ама, пошто не знаеме со сигурност дали има треба да се проверат сите можни варијанти :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Vlatzki

  • Нов член
  • *
  • Posts: 14
Одг: Старо радио со ламби
« Reply #13 on 13.07.2011, Wednesday, 18:07:51 »
Дечки, имам еден звучник од 4 оми, дали ќе се направи некоја штета ако го ставам тој звучник, а радиото е направено за таков звучник од 300-600 оми ?

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1331
  • Gender: Male
Одг: Старо радио со ламби
« Reply #14 on 13.07.2011, Wednesday, 18:34:49 »
Незнам колега  ;D Пробај стави му некој 200 оми отпорник во серија на  + жицата од звучникот и по малце глас попуштај му  :D  ;)