Останато > Алат

Каква лемилица користите?

<< < (53/53)

LordZi:
Не верувам дека се исти, а и оваа функционира зачудувачки добро... ;) :D

dr-mr:
Имам иста како на сликата само со друг приклучок (плоскавати контакти за во штекер), јас ја користев нецели 5 минути пред да заклучам дека е тотално бескорисно гјубре.

GigaWatt:
Изгледа „како за кого“ е муабетот... и мене не ми изгледаше како многу корисна... особено не ако вадам делови од фурда.

LordZi:
Што да ти кажам... И јас мислев дека е некое тешко ср**е, ама ете ме изненади... ;)
Како и да е, ќе го користам додека не набавам пиштол за одлемување како што треба.

batka:
Абе, најчесто користам една искрина 25 ватна лемилица со врв стар 20 години и за мене е најдобар алат.Погоден е греачот, врвот добро се чисти, брзо ми грее и јас не би ја менувал ни за Соломон и слично. Кој како се навикне! Имав еден постар пријател радио-аматер од старите, тој користеше искрина 60 ватна лемилица со додаток на врвот - смукалка со ножен погон.Можеше прецизно процесор да одлеми со неа- кој како навикне.

Navigation

[0] Message Index

[*] Previous page

Go to full version