Електронски уреди > Монитори и ТВ приемници

Општи прашања околу TV приемници

<< < (2/9) > >>

DX-er:
сложен бил сигналот на видеото, не е како кај аудио-стереото. А дали сигналот за аудиото е на посебен носител или на ист носител со видео сигналот?

Devil:
различен носител имаат
предавателот за видео користи АМ модулација со носител RF со фреквенција fs. Аудиото користи FM модулација со носител RF со фреквенција fs+5.5MHz.


на сликава прикажан ти е спектар на AM-NBO RF видео сигнал заедно со FM RF аудио сигналот и RF TV сигналот...
ова не е за тука да се дискутира отворете нова тема каде што ќе се дискутира за вакви прашања околу TV техниката

DX-er:
Па во тој случај тоа се два предаватели во една кутија. По моја логика ако предавателот за видеото е 100 вати, тој за звукот може е 10 вати. Бар судејки по опсегот кој што го користи видеото, тој е голем па мора и поголема снага за него за да достаса аудиото  во домет

Malecko:
A oва што е,личи на транзистор во метално куќиште,со 5 нозе и на него пишува sanyo-TSF1303,беше во еден дел,оклопено со метал кај што е...А под него,одоздоле на плочката пишува SAW FILTER,знае некој да објасни за што е?

Devil:
SAW филтерот ти е во делот за тјунерот, овај филтер е филтер пропусник на опсег на фреквенции чија што пропусна ширина е колку ширина на еден канал. Најголемата пропустливост овој филтер има за оној ТВ канал кој фреквентно е конвертиран на фреквенција
Fif= 38.9MHz. Оваа фреквенција е позната како меѓуфреквенција и се добива со помош на локален осцилатор во тјунерот ...

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version