Author Topic: Проект за Субвуфер Трансмисиона линија 12 инчи  (Read 1451 times)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
правилно име му е минерална волна...барем јас така знам а и не е штетен...барем јас после 3 недели работа со него сум сеуште жив...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Незнам за вас но јас воопшто не би употребувал такви материјали .
Во прилог на тврдењето е дека изолација од таков тип е препорачливо да се обазбеди со доплонителен најлон како форма на заштита дури и кога се употребува во зидови или на таван према внатре .Исто така при работа со изолацијата по стандарди е задолжителна употреба на маска (сигурно тоа не е без причина). :(
Но јас воопшто не би експериментирал со тој вид на материјали затоа што не е во прашање три недели или еден месец ,прашината што се одвојува е штетна и звучникот постојано ќе ја издувува во просторијата каде што е поставен. А верувајте ми постојано труење на белите дробови во просторот каде живеете не е многу корисна работа на долги патеки.
Од друга страна го имате супер ефтиното лио во ролни.

Како сакате изборот е ваш. ;)

Offline tazzz

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 174
  • Gender: Male
колку е P1  на сликата ?

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
 Таззз  , Ако ме прашуваш мене ќе ја прерачунаш   плоштината  на ефективната мембрана на  басот што сакаш да го употребиш и ќе ја помножиш со 1.25 до 2.5 пати и ќе ја добиеш П1.