Author Topic: Ми треба полнач за акумулатори од 24 волти  (Read 3149 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Од полнач направивме салата нека одбере што сака понудив мое решение а понуди и ти батка а што и да направи сигурно ќе биде подобро од купечки на кој му вреди само кутијата.поз...

Идеата ми беше да си направи некој полнач со електроника за ограничување на струја на полнење и автоматика која ке исклучи кога полнењето ке престане т.е. кога напонот на акумулаторот ке достигне определен напон.Не да врзе само трафо и грец.Електрониката за полнач е евтина ,а дава голема сигурност при работата.Друга работа е дали сите посебно или заедно ке ги полни и каква ке биде автоматиката.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
И да е само трафо, барем некоја основна електроника нека има...
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10193.0
На линкот има едноставна шема, која може  да се преправи за 24 в.

Offline Ognen88

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10
Quote
И да е само трафо, барем некоја основна електроника нека има...
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10193.0
На линкот има едноставна шема, која може  да се преправи за 24 в.
Изгледа многу интересно,само сакам да прашам што треба да се преправи за да можам да полнам
акумулатор на 24 волти?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Јас мислам дека најдобро е секој од акумулаторите да се полни поединечно, во спротивно би добил не избалансирано полнење, еден ќе е повеќе полн друг помалку, и онај што е повеќе пол ќе почне да се празни во тој што е помалку, со што му го намалуваш векот на траење, направи механизам/систем кој кога ќе ги полниш ги оделлува сите, и еден по еден ги полни, или се полнат паралелно истовремено сите, ама па секој да е оддвоен еден од друг (со диоди) со што од еден во друг акумулатор при полнењето нема да може да премини струјата..

незнам колку ме разбра :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Ognen88

  • Нов член
  • *
  • Posts: 10
Јас мислам дека најдобро е секој од акумулаторите да се полни поединечно, во спротивно би добил не избалансирано полнење, еден ќе е повеќе полн друг помалку, и онај што е повеќе пол ќе почне да се празни во тој што е помалку, со што му го намалуваш векот на траење, направи механизам/систем кој кога ќе ги полниш ги оделлува сите, и еден по еден ги полни, или се полнат паралелно истовремено сите, ама па секој да е оддвоен еден од друг (со диоди) со што од еден во друг акумулатор при полнењето нема да може да премини струјата..

незнам колку ме разбра :D

те разбрав,знаев дека нема да биде толку лесно,ке видам како ке изиграм.Благодарам многу  :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ако е поголем (појак!) трансформаторот стави си појак грец ( до 20А) и направи 4х ограничувачи ,значи 4 плочки електроника кои би се напојувале од еден трафо и грец ,а на секој излез би се врзувал посебно акумулатор.Така ке можеш да ги полниш два по два,поединечно или сите четири истовремено , се разбира со нешто намалена струја на полнење и се разбира подолго време.Кај акумулаторите секогаш е подобро да се полнат повеке часови со помала струја на полнење.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Најверојатно отпорниците треба да се стават со двоно поголеми вредности, сосе тримери, освен тој што е на 5-та нога... Не знам дали е баш вака, подобро некој поискусен да ти помогне...