Други технологии > Автоматика

Автоматски светлосен прекинувач

(1/9) > >>

BorceBT:
Овој прекинувач може да вклучува (или исклучува) сијалица кога на пример ќе се стемни. Колото е едноставно, сите делови се достапни и може секој да го направи а веројатно ќе му најде убава примена.



Листата на деловите и вредностите е следна:

R = Фото отпорник
R1 = 4,7 K
R2 = 1,2 K
R3 = 2,2 K
R4 = 1,2 K
R5 = 1,2 K
R6 = 2,7 K
R7 = 100 K тример потенциометар
C1 = 10 μf/16V
TR1 = BC547
TR2 = BC547
TR3 = BC557
D1 = 1N4148 диода
RELAY = 12V релеј со струја на контактите од минимум 2 ампери.

Прашајте за точниот распоред (база, емитер, колектор) на транзисторот да ви запишат на ливче ако немате книга.

Со R7 тримерот се подесува осетливоста на светлост (со проба).

Во зависност од тоа кои контакти на релето ќе ги користите може да направите сијалицата (или некој уред) да зе вклучува или исклучува кога ќе има или нема светлост на фото отпорникот.

VLATKO*:
супер работа,јас сега изработувам едно ама со TL071.

Zdravkovski:
Ако на некого му треба за поголема снага јас можам да му дадам шема за со контактор(склкпка) и временско реле за поголеми потрошувачи пр. севетло во зграда или некој вентилатор кој треба да работи некое време па да запре по определено.  ;)
Post Merge: 16.01.2010, Saturday, 15:58:53Инаку овој електронскиов е супер за помали потрошувачи или пак да се комбинира со контактор и да се добие на моќност

Aleks:
Супер шема и коло но...

Ова не спаѓа под „Автоматика“. Автоматика или автоматизирање на процес претставува автоматизирање на некој процес од индустриска страна, некој индустриски процезс или пак некоја машина.

BorceBT:
Прочитај ја книгата „Електроника и Автоматика“ од Светислав Шилер ;) Идеата на авторот е од ваков едноставен „светлосен прекинувач“ човекот стига со користење на истата идеа до робот кој всушност му носи чаша вода на притисок на копче  ;)

Што сакам да кажам, значи немора во овој дел од форумот да има само целосни автоматизирани машини, може и поединечни елементи (на пример сензор за проаѓање на објект пред него) така да и овој склоп со малку фантазија може да се употреби во некоја машина или едноставно како обичен автоматски светлосен прекинувач, кој како сака.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version