Author Topic: Прашањa поврзани со звучници  (Read 117043 times)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Кажи ги фреквенциите на пресек, и колку вати е секој пооделен звучник.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Прашањa поврзани со звучници
« Reply #211 on 08.11.2013, Friday, 08:32:30 (Edited 08.11.2013, Friday, 10:37:39) »
Ме интересира дали може вака да се поврзат звучници (Средниот и високиот)


Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Прашањa поврзани со звучници
« Reply #212 on 08.11.2013, Friday, 17:43:37 (Edited 08.11.2013, Friday, 17:56:38) »
Подобро е кондензаторите за средни и високи да ги раздвоиш и секој да оди посебно на
+ полот.Можеби ке треба атенуатори и дополнителен калем за средни.Само ,оди по некоја логика и теорија  за свртницата ,барем пресметај каде би биле резните фрекв.ако ги знаеш карактеристиките на звучниците,а не од ѓутуре.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Потруди се да направиш иста фреквенција на пресек меѓу басот и среднотонецот. Калем за басот, а кондензатор за среднотонецот. Вака може лесно да ти изгори средниот.

Споено мислење: 08.11.2013, Friday, 18:05:45
за секој звучник да има свој кабел кој тргнува од терминалот. Како што ти кажа и батка.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Бас-средни е околу 2кз, а средни-високи се веке поврзани во кутијата, зборот ми бесе да не ги чепкам, да ги оставам како што се, меѓутоа се извадени од друг уред, па сакам да ги ставам на друга кутија каде што има само басови. За средните после кондензаторот има калем, веројатно служи како аутенатор(го нема на сликата)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Прашањa поврзани со звучници
« Reply #215 on 09.11.2013, Saturday, 02:20:02 (Edited 09.11.2013, Saturday, 02:34:25) »
Ме интересира дали може вака да се поврзат звучници (Средниот и високиот)
Може,без проблеми.

Споено мислење: [time]09 Ноември 2013, 02:25:05[/time]
Подобро е кондензаторите за средни и високи да ги раздвоиш и секој да оди посебно на
+ полот.
??? Не е подобро.У што е подобро??

Споено мислење: [time]09 Ноември 2013, 02:27:49[/time]
Вака може лесно да ти изгори средниот.
Зашто да изгори?

Споено мислење: 09.11.2013, Saturday, 02:34:25
За средните после кондензаторот има калем, веројатно служи како аутенатор(го нема на сликата)
Не е атенуатор.
Како е поврзан калемот?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Абе Маки ,стручњаку најголем- зошто не е подобро? Па велиш читаш литература,а таму секаде пишува дека е подобро секој звучник да си зема посебно сигнал од една заедничка точка и да не оди сигналот прво низ филтер за средни,па потоа низ филтер за високи бидејки секој кондензатор на патот внесува свои  изобличувања.Понатаму не ти се мешам во твоите кратки *стручни* коментари,ама треба да поработиш малку практично ,а не само од ѓутуре да се расфрлаш со совети. 8)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Абе Маки ,стручњаку најголем- зошто не е подобро? Па велиш читаш литература,а таму секаде пишува дека е подобро секој звучник да си зема посебно сигнал од една заедничка точка и да не оди сигналот прво низ филтер за средни,па потоа низ филтер за високи бидејки секој кондензатор на патот внесува свои  изобличувања.Понатаму не ти се мешам во твоите кратки *стручни* коментари,ама треба да поработиш малку практично ,а не само од ѓутуре да се расфрлаш со совети. 8)
???
batka,прочитај ја и втората реченица од таа твоја литература, немој само првата реченица.У таа литература сегде пишува за филтри од 6dB подобро решение е сигналот за високоотнецот да се зима после филтерот за среднотонецот C1,зашто сигналот испод резот што го прави C2 ќе опаѓа со 6 dB на октава али испод C1 ќе опаѓа со 12 dB на октава и високотонецот ќе биде позаштитен и подобро ќе свири пошто нема да му доаѓаат јаки сигнали со ниска фрекфенција.Ако C2 е директно прикључен онда сигналот опаѓа само со 6 dB на октава и високотонецот прима превише ниски фрекфенции.
Па и на тие твоите HSR звучници што толку ги фалиш исто сигналот за високотонецот се зима после филтерот за среднотонецот.
А за изобличењето што го прават два кондензатора у серија, си го измерил?Тоа практично си го измерил,или од ѓутуре се расфрлаш со совети собрани од анонимни „стручњаци“ од интернет?
Ако имало изобличење од два кондензатора у серија, онда зашто у скретници се користат филтри со 18 dB?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Прашањa поврзани со звучници
« Reply #218 on 09.11.2013, Saturday, 19:45:54 (Edited 09.11.2013, Saturday, 20:00:39) »
Ти веднаш процени дека се работи за 6 дб свртници? Човекот само постави теоретско прашање,а не ја нацрта и целата свртница за ти да оцениш дури и   од кој  часопис е извадена. 8)
А за*моите* HSR звучници да знаеш ,веројатно не си ни прочитал,дека свртниците одамна ги преработив по свое.
За  двата кондензатора во случајов е јасно - теоретски и  практично - кога сигналот мине низ два кондензатора сигурно добива  теоретски и практично поголемо изобличување отколку кога мине низ само еден кондензатор.Затоа и во НФ уреди ( најмногу кај појачувачите) се избегнуваат кондензатори на патот на сигналот.Прочитај некаде за тоа.
цитат: Ако имало изобличење од два кондензатора у серија, онда зашто у скретници се користат филтри со 18 dB?
Да,се употребуваат во серија  ама во иста гранка ( само вогранка високи или самово средни.
И самиот кажав дека кај HSR-ите  поради заштеда се правеле такви свртници,но се покажале неадекватни,па  уште во бивша ЈУ се правеа други,подобрени свртници  и тоа беше тренд едно време.Веројатно ,поради тоа што немаше тогаш интернет ,го немаш тоа прочитано.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Прашањa поврзани со звучници
« Reply #219 on 09.11.2013, Saturday, 20:59:08 (Edited 09.11.2013, Saturday, 21:26:02) »
Чоеку да му е страф да прашат нешто за звучки :) Одма расправии. Вака, скретницата е извадена од веќе готови звучници. Е сега сите звучници изгореа, беа приклучени на снагатор.. ::) . Зедов 2 осмици (ака бас демек)од 70-80w со фрек=40-2000хз, високи не зедов.  Имено кутијата беше составена од 2 идентични осмици, бас-среднотинци, тоа беа оригиналите. Сакам да ги заменам со веќе споменатите. Дупките за високи сакам да ги затворам, а наместо високи да ставам средни-високи кои се башка кутии. Инаку се работи за ефтини и не квалитетни звучници, па не очекувам кој знае што, колку да свири, да не сум без ич...
Тие средни-високи имаат еден звучник 4" како среден и пиезо високотонец. Пиезото е веќе врзан за средниот со кондензаторче, а целата кутија сакам да ја врзам на кабелот предвиден за високите, со што ќе ставам кондензатор од 10микро наместо постоечкиот од 3,3кикро за да се спушти фрекфенцијата, а басовите се врзани сериски со што се менува (снижува) пресекот на самата скретница.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Прашањa поврзани со звучници
« Reply #220 on 09.11.2013, Saturday, 21:24:50 (Edited 09.11.2013, Saturday, 21:26:46) »
Терај батка како си замислил! ;D ;D ;D ;D ;D Не се угледувај на теориите и мешање * баби и жаби*.Јас ти одговорив,а му одговорив и на Маки,ама верувам дека за разлика од тебе,тој нема да ме разбере и ке докажува дека некаде прочитал....нешто! 8)Нема врска,пробај си,најдобро ке биде за тебе и твоето сваќање  на  музиката!Иначе,не самоза ова тема твојава,амиМаки секогаш и секогаш се буни за нешто што ќе напишам,демек тој само читал...,а друг никој не знае ништо! Табиет. :D :D :D :D :D ;)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Ај ќе видам и така и така, ако има некоја драстична разлика, ако не ќе ги оставам како што си се, прво да набавам некој калем, пошто два ми се изгорени...

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Е,сега на крај кога кажа дека високотонецот е пиезо,може што сакаш да правиш ,тој само ке * цивка* и толку.Терај мајсторе! ;D

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Прашањa поврзани со звучници
« Reply #223 on 10.11.2013, Sunday, 14:16:41 (Edited 10.11.2013, Sunday, 14:42:16) »
Ти веднаш процени дека се работи за 6 дб свртници? Човекот само постави теоретско прашање,а не ја нацрта и целата свртница за ти да оцениш дури и   од кој  часопис е извадена. 8)

Не проценував него гледав,на сликата е нацртан само еден кондензатор кај високотонецот,тоа ти е 6 dB скретница.А у следниот пост и bicikle го напиша тоа,на високотонецот е прикачен само еден кондензатор.

За  двата кондензатора во случајов е јасно - теоретски и  практично - кога сигналот мине низ два кондензатора сигурно добива  теоретски и практично поголемо изобличување отколку кога мине низ само еден кондензатор.

Теоретски и практично сигурно се добивало поголемо изобличење??  ??? Тоа го напишал некој анонимен „стручњак“ од некој интернет форум и ти му веруваш и теоретски и практично? ??? У ниедна книга не пишува дека после два кондензатора сигналот изобличуе.Дај постирај скен од КНИГА каде го пишува тоа теоретски, да те видам! Какво е тоа изобличење,хармоничко,интермодулационо,какво? Ти практично си го измерил? Со што? Зашто се повикуваш на праксата кога немаш пракса за тоа?

Затоа и во НФ уреди ( најмногу кај појачувачите) се избегнуваат кондензатори на патот на сигналот.Прочитај некаде за тоа.
цитат: Ако имало изобличење од два кондензатора у серија, онда зашто у скретници се користат филтри со 18 dB?
Да,се употребуваат во серија  ама во иста гранка ( само вогранка високи или самово средни.

На која книга се повикуваш,каде пишува да се избегнуваат у појачалата кондензатори на патот на сигналот? Дај скен од таа книга! Нема таква книга!
Прочитај што пишува за кондензаторите Rod Elliot,прав стручњак со име и презиме:
Code: [Select]
http://sound.westhost.com/articles/capacitors.htmЦитат: „Тврдењата дека кондензаторите го оштетуваат звукот се чести,ама погрешни!“
Rod Elliot е познат конструктор на појачала,неговото појачало P3A е едно од најпопуларните у свет појачала за самоградба.
Што везе има што кондензаторите се у иста гранка и низ нив идат само високи или само средни?Ако идат и средни и високи што тогаш,ќе се појави некое интермодулационо изобличење у кондензаторите?  :D  :D Си го измерил тоа практично?  :D   :D
Ево доказ од Linkwitz дека више кондензатори на пат на сигнал низ каскадна скретница се подобро решение него паралелна скретница со само по еден кондензатор,види го делот со наслов V – Crossover topology issues
Code: [Select]
http://www.linkwitzlab.com/frontiers_5.htm
А за*моите* HSR звучници да знаеш ,веројатно не си ни прочитал,дека свртниците одамна ги преработив по свое.
И самиот кажав дека кај HSR-ите  поради заштеда се правеле такви свртници,но се покажале неадекватни,па  уште во бивша ЈУ се правеа други,подобрени свртници  и тоа беше тренд едно време.Веројатно ,поради тоа што немаше тогаш интернет ,го немаш тоа прочитано.

Ако сакаш да видиш подобрена скретница за HSR звучник,прочитај го Емитер 1/2013, истата каскадна скретница е,само се променети вредностите на два кондензатори,баш адекватна си е таа каскадна топологија,нема везе тоа со заштеда.
Дај да видиме измерен HSR преработен по твое дали е подобро од она у Емитер?  :D   :D
Code: [Select]
http://emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=4299

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Маки,бадијата се трудиш да бидеш  некаков си * контраш* ,а верувај  испаѓаш дури смешен! ;D * Не проценував ,него гледав*-само во основата  пишаното е * дупка*- глупост што се вели.Второ,високотонецот е пиеззо и што и да си напишал после - паѓа во вода,бидејки  Род Елиот не се занимавал со пиезо.Ако само него си го прочитал,тоа е твој проблем. Не се замарам со твоите мислења,ниту мислам надолго и нашироко да те побивам.А за HSR во Емитер,тоа е статија од пред некој месец.И тоа после нашата дискусија на таа тема на Форумов! Случајно или не ,ама јас моите кутии ги преправив пред едно 15 години мислам беше ,Звучниците се оригинални ,нишки,со 12 инчен бас и мислам дека ако не се замараш со моево пишување,побарај ,мислам дека пишував за тоа,дури и шемата на свртницата ја ставив.Ако сакаш да се замараш има програми за симулација,па симулирај и види како звучат.Јас со мерења не би се замарал сега,бидејќи мене лично добро ми звучат.Слушам Антена 5,ЦД радио(велешко) и Втора скопска понекогаш.Толку.