Author Topic: Прашањa поврзани со звучници  (Read 117041 times)

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
луѓе колку W би можел да издржи 12" вуфер?? 200-300W би бил??? или тешко тоа да се каже?? дека другарче земал вуфер некој 2x250W или 1x500W ама кога го отворил вуферот на него пишувало само 8оми, а за моќност ништо...па дали да го уклучува на 250W или на 500W :)
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Темава е малку стара ,веке имаме доста постови за ова проблематика и не е лошо да побараш и прочиташ.Прво,јачината на звучникот се мери на повеке начини и се изразува со повеке мерни единици ( вистински или помалку вистински).Велам вистински - тоа  се однесува на  RMS ,а лажна би била ознаката PMPO.Побарај ги толкувањата на пример Википедија.
Е,сега фабриките за звучници обично ги означуваат ватите и омажата со вистинските вредности( бар поголемите и попознати фирми!),а  оние што продаваат по *шкарт* роба воглавно ставаат некои врдности како 200-300-500W ,а со помали букви ги означуваат како PMPO. Значи, колку вати ке даде вистински еден звучник може да се измери и пресмета.И за тоа не треба некој скап прибор.Доволно е да имате волтметар и да го мерите напонот на краевите на звучникот при дадена јачина на појачувачот. Ако знаеме дека 1W= 1V x 1A , a U = I x R  може да го измериме U на краевите на звучникот чија импенданса е R ( во оми ) .Кога ке се најде  I (во ампери - A),лесно се пресметува и силата на звучникот ( во  W ).

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
да, за тоа знам, ама звучникот е потрошувач кој има некоја максимална моќност, тоа ти што го пиша (јас барем како сватив) е колкава е моќноста во моментот, а не максималната...проблемот е колкава  е максималната моќност...тоа што прашав јас е ти како што викаш „сакам да купам црвена кола со бели линии“ ама другарче едно ме праша ама дека не се плеткам многу со звучници па прашав тука за некој по искусен да ми каже...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Велиш:*.проблемот е колкава  е максималната моќност...* Проблемот е колкава е ефикасноста,колкави се изобличувањата
на сигналот.Може да издржи некој и 500 вати,ама при тоа да дава 10% изобличувања! Снагата и квалитетот се друго прашање.Битно е - со која снага звучникот не изобличува,а не колкава снага поддржува.Другар ти веројатно земал * мачка во вреќа* па нека проба на свој ризик и на 1000 ватно појачало нека го врзе.И звучникот нема да изгори,ако со внимание го работиш,Проблем е кога ке се јават првите транзиенти,да знаеш да ја намалиш јачината на сигналот!!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
и јас сакав тоа да му го предложам, ама како што го знам човекот ке ги цркне за брзо...али ок ке му кажам да не ги пушта многу гласно па што сака нека прави...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
мисла дека скоро и да нема разлика од 250 до 500 вати во однос на субјективната оценка за зјачината на звукот, освен ако не е некој аудио фил со минимум завршена средна школа за музочко образование :) инаку истиот звучник лесно би се прегорел и на 10 ватно појачало доколку е пуштено до максимум и еднонасочната компонента е енормно голема, т.е. има јака еднонасочна струја поради клипинг, а би работел и на 2000 вати ако се користи разумно. ако е потврд на уши поарно 250 ватно појачало, барем ќе нема гајле од помал клипинг, ќе може д аго поднеси(звучниците можат да поднесат некои мали еднонасочни компоненти, т.е. еднонасочни струи со мал интензитет)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Бицикле -*мисла дека скоро и да нема разлика од 250 до 500 вати во однос на субјективната оценка за зјачината на звукот *.Има голема разлика.Ако не пукне звучникот на 250W и има 5% изобличување, на 500W ке има 15% изобличување и нема да му текне повеке музика даа слуша на тој звучник ;D ;D

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
хахах добро пра муабет во понормални услови, звучник од над 500 вати да го пуштиш на едното и другото појачало, без да ги пушташ претерано...

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
човекот од аудиофил нема ни / (дел од А е тоа цртката) а па камо ли да осети некоја разлика...ке му кажам да не го пушта многу гласно па ако му цркне не сум му ја крив...ај фала за помошта :)
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
луѓе колку W би можел да издржи 12" вуфер?? 200-300W би бил??? или тешко тоа да се каже?? дека другарче земал вуфер некој 2x250W или 1x500W ама кога го отворил вуферот на него пишувало само 8оми, а за моќност ништо...па дали да го уклучува на 250W или на 500W :)

Нема везе дали е 12" или 10" или 15".Максимкалната снага што може да ја издржи басот (вуферот) најмногу зависи од дијаметарот на намотката,ако е 2" (50мм) онда снагата е 150W синусна, ако е 3" (75мм) онда снагата е 300-350W синусна. Ова можеш од око да видиш.
Ако има две намотки онда снагата за секој канал е упола помала.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
12 ка со 75 мм намотка ретко да најдеш во таа класа до 500W.И дијаметарот на намотката не значи и поголема снага.Има и други работи од кои зависи снагата.И ако имаш две намотки можеш да ги врзеш паралелно и да ја зголемиш снагата,но фактичката јачина (субјективно) можеби нема да ја осетиш.

Offline borisq10

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 230
  • Gender: Male
Имам едно прашање до вас.. еден другар ми даде некој си звучник LINJIA ваљда кинески е  ;D 10ка е незнам ни што вати е ни колку ома е само LINJIA пиши нанего па сакам да прашам дали знае некој што бас е и какви перформанси има.. јас го пробав на Kenwood појачало за кола не беше кој знае што му ставив скретница од EI NIS зошто немав друга па извади некој солиден бас ама беше во пластична цефка (за вода) така да ако мислите дека вреди за овој бас да се прави кутија и скретница кажете да знам дали да си го фрлам трудот или не  ;D ;D ;D Поздрав

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Прашањa поврзани со звучници
« Reply #162 on 12.03.2012, Monday, 11:57:30 (Edited 12.03.2012, Monday, 23:42:40) »
Одиш со погрешен пристап.Прашањето е дали тебе те задоволува тој бас што го слушаш.Побарај во постарите постови на звучници,одбери некоја кутија и направи ја.Ако е само за бас ,кутијата направи ја да биде затворена (компресиона) или со отвор ( бас рефлекс).Компресионата бара помала литража(помали димензии ке биде!) од бас рефлексот,која е па поефикасна.Бидејки не верувам дека ефтин звучник е ефикасен,предлагам компресиона кутија.Ако имаш некој појачувач и компјутер, симни го оној сигнал генератор кој го постираше Гига Ват и од компјутерот преку заучна пушти сигнал  на појачувачот со звучник,па полесно ке го одредиш опсегот на фреквенции.Басот треба да дава од некој 50 херци до 2-3000 Хз(ако е бас),а ако е широкопојасен ке дава сигнал и до 5-6-7000 херци (5-7Кхз).Тогаш можеш да кажеш колку вреди басот :D :D

Споено мислење: 12.03.2012, Monday, 23:42:38
Еве една кутија со бас рефлекс отвори како за вуфер. Стави го внатре басот и пробај!

Offline ki4o01

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 213
  • Gender: Male
какви се тие звучници од 6 оми !? Прв пат слушам

electron

  • Guest
какви се тие звучници од 6 оми !? Прв пат слушам
Звучник како и секој друг. Има звучници од 2, 4, 6, 8, а имам видено и постари модели од 16 и 32 ома.