Author Topic: Изработка на осцилоскоп од стар монитор и микроконтролер  (Read 2222 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Значи идеава ми се врти подолго време низ глава
што е всушност идеата:
пошто имам дома еден стар исправен монитор кој не го користам сакам да го употребам за нешто што ќе ми користи, па така ми дојде идеа да се направи нешто како модем или адаптер ( како сакате викајте го ) преку кој ќе се поврзи мониторот за да истиот се направи осцилоскоп, значи ќе има AD конвертор напонска заштита, односно кажано ќе има еден микропроцесор па ако е потребно и некоја eeprom меморија во која ќе има посебен софтвер со кој сигналот ќе се прикажува на мониторот, ова е добро бидејќи ќе може да се зголеми опсегот на кој што ќе работи овај осцилоскоп
оваа идеа првично потекнува од еден друг проект кој што го имам видено на интернет се користеше 16F84 за да на излез од него може да се приклучи TV и да се добие онаа сликата во разни бои за штеловање што се користи, епа нешто слично и ова треба да биди
се што барам е некој да ми даде шема и нешто инфо, или пак ако знае како да го направам, а нема шема лесно ќе ја скоцкаме не е тоа проблем

п.с мислам дека не барам многу  ;D ;D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
А/Д конверторите што се вградени во PIC микроконтролерите се релативно бавни и ќе можат да прикажат груба слика до 10KHz сигнал што не ти е употребливо баш за осцилоскоп (ќе можеш да го користиш само за аудио и тоа основни работи). Ако се додаде надворешен А/Д конвертор некој на пример од Analog Devices може ќе може да се направи и нешто поупотребливо ама неможам да ти посочам тип на дел.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Идеата ти е одлична но ако планираш да користиш монитор од компјутер не знам како ке го активираш да работи, јас имам пробувано да поврзам DVD со монитор ама  нејке да светне. Вероватно самата графичка му дава некој сигнал на мониторот за да се активира.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Изработка на осцилоскоп од стар монитор и микроконтролер
« Reply #3 on 06.01.2010, Wednesday, 19:40:01 (Edited 06.01.2010, Wednesday, 20:00:10) »
Вака би требало да е
1. заштита за од поголем сигнал ( негде до 200V )
2. прескалер
3. А/Д конвертер
4. Микроконтролер со вграден софтвер
5. Контрола за аналогниот сигнал, поместување ова она ( како на прав осцилоскоп што е :) )
6. Уште еден конвертор за сигналот од микропроцесорот да можи да го праќа на монитор
7. Напојување
Ова би биле основните работи кој треба да се запазат

како заштита мислев на она што беше од темата за на звучна што сакав осцилоскоп да правам
( може да проверите тука  )

Како прескалер размислував да се употреби онај од фреквенциометарот кој го има Борче изработено
( може да проверите тука  )

тип на микроконтролер кој ќе се користи не сум сигурен сеуште, ама треба да е некој кој ќе има поголем простор за да се внеси малку поголема програма

контролата најверојатно ќе биде од аудио осцилоскопот на Борче
( може да проверите тука)

За конвертор на сигналот не сум сигурен најверојатно ќе треба нешто
за побуда, незнам што

Напојување најверојатно 5V

останува уште A/D конверторот за тоа мислев да се искористи ADC0820 CMOS интегрално
дел од карактеристиките му се следни:
*Fast Conversion Time: 1.4us Max.
*Built -in Track-and-Hold Function
*No Missing Codes
*No User Adjustments Required
*Single +5V Supply
*No External Clock
*Easy Interface To MCU
За повеќе инфо видете datasheet  

Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Прескалерот е делител на фрекфенција што значи дека и да му пуштиш него синусоидален (или каков било) сингнал ќе ти извади квадратен сигнал со многу помала фрекфенција, значи тоа отпаѓа. Инача фрекфенцијата кај многу високофрекфентните осцилоскопи (GHz) се претвора со фрекфентен мешач од кој потоа се зема А-Б сигналот, се собира со -Б и останува само А во фрекфентен опсег од А-Б (едноставно пресложено засега). Вториот проблем е што треба меморија (доста) за да се зачува една слика од тоа што го гледаме (сигналот). Една слика може да биде и 30КБ но во PIC има само околу 200-300 бајти меморија, а ако ставаме екстерна меморија сето тоа ќе биде толку бавно да и да имаме многу брз A/D конвертор сепак да неможеш да видиш сигнал над 10KHz. Комерцијалните дигитални осцилоскопи не се прават само со микроконтролери туку со FPGA или CPLD чипови заради огромната брзина на влезните податоци кои треба да ги снима.

Остануваат три алтернативи:

1. Да решиш да направиш аналоген осцилоскоп со мониторот за фрекфенција докај 1MHz.
2. Да направиш дигитален осцилоскоп само со PIC но за фрекфенција докај 10KHz.
3. Да направиш дигитален осцилоскоп со PIC и со TDA8703 кој во реално време ќе ги прикажува на екран сигналите (ќе генерира видео сигнал). За тоа ќе ти треба 32MHz оверклокуван PIC а ќе работи слично како аналогниот (ќе немаш можност за дополнителни опции бидејќи ќе биде зафатен PIC со снимање на податоците и генерирање на видео сигнал).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
ама нема слики да има, ќе има една единствена слика со мрежа како и кај оригиналните осцилоскопи 10х10 или поголема/ помала , еиднсвено нешто што ќе прави пикот е да го замеша добиениот сигнал со таа слика
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline riki

  • Нов член
  • *
  • Posts: 9
Не ти треба да оверклокуваш никаков микрокролер...земи си на пример PIC18F4520 кошта 600 денара во ГАЦ Електроник има 1.5KB рам, или земи PIC18F4550 за 900 денара, со интергиран USB контролер. Двата микроконтролера ти оперираат среќно до 40MHz со надворешен кристал, или со 12MHz надворешен кристал, и активирано внатрешен множител на клокот пати 4!!! Тоа ти се прилично моќни микроконтролери што мислам дека можеш да ги искористиш, а првиот и не му е цената голема во поглед на тоа што е само за 200 денара поскап од 16F877.
Инаку и јас сум се мислел за да изработам еден осцилоскоп, само јас не би се трудел да го покажам директно на компјутерски монитор, туку да го пратам на компјутер преку сериска RS-232 порта, или ако треба поголем проток (а мора поголем проток ако сакаш да правиш 1 милион семпла во секунда) преку USB и после да си најдеш некој софтвераш, што би ти изработал една апликација, или уште поарно ако си сам програмер, да си направиш програма по свој ќеиф. АКо може да дадам една идеа....кога би правел јас, како што рече и колегата пред мене, обавезно надворешен AD конвертор, и надворешен RAM чип, или чипови со цел да имаш место каде да ги зачувуваш семпловите привремено додека не ги пратиш на компјутер ( а ако семплираш на висока фреквенција ќе мораш тоа да го правиш)

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Здраво дечки

Не ве знам кое искуство го имате а и всушност ова ми е прв пост.
Јас сум на пат да го изработам мојот прв дигитален осцилоскоп и верувам дека ќе успеам во тоа. Инаку тоа ми е доста тешка дипломска (читај магистерска) работа. Имено мојот осцилоскоп е за на компјутер и ќе изработам за него софтвер со целосна обработка на сигналот. Брзината на семплиранје е 40MSPS и работи со A/D конвертори AD9283. Значи комплетно заборавете на PIC па макар и од 32 серијата. Нема многу микроконтролери кои можат да помогнат на оваа брзина а тие што ги има се скапи и неможат да се најдат ни во САД. Како мозок на целиот систем е LPC2148 што е доста добар контролер со ARM7TDMI јадро. Но тој ѓи брка сите функции кои се спори иако работи на 60MHz. Кога ќе дојде тригер контролерот спие. Податоците од семплирањето идат во RAM KM641001J-20 кој е со големина од 256KB. Значи станува збор за 4 канали па ке опишам само еден а се друго е х4. Доедека трае конверзијата сите магистрали ги контролираат 4 GAL22V10. И покрај нивната брзина до 250MHz мора да се пеналат времинјата Tpd. Кога ќе заврши конверзијата податоците ги чита контролерот и ги праќа на компјутер. Интерфејсот е виртуелна сериска на USB со FT232.  Да не збориме за USB конекција зашо гледам дека сеуште не сте отидени толку далеку а и таа воопшто не едноставна работа не само пишувањето на софтверот за компјутер туку и софтверот за контролерот е далеку посложена работа. Кога ќе стасаат податооците од конверзијата во компјутер тие се цртаат во графички интерфејс и може на нив да се прави обработка по желба (FFT, +, -, *, и што уште не). Со старите монитори ништо неможете да направите затоа што на нив се пушта сигнал кој треба да е аналоген и на фреквенција од неколку мегахерци (најмалку ARM9 за таа работа најдобро е FPGA). Значи и да добиете податоци од конверзија нема тие со PIC да ги видите на монитор. За аналогната секција која го кондиционира сигналот пред конверторите да не збориме многу. Таму треба засилување и слабеење на најмалку 20MHz каде постои само еден операциски што го може тоа на светот. Значи повторно збориме за JFET, BF, MOSFET, и тоа најбрзите варијанти. А засилувачи на тие фреквенции се прават само во RF па повелете ако сакате. Поопширно во некоја друга прилика или по интерес на некој друг.

Поздрав и со срека во работата

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Па добро не планираме ние нешто големо, доволно е и до кај 15-20MHz
инаку интересен проект си одбрал за дипломска ;D
се надевам дека ќе успееш да го реализираш и да го видиме во употреба како е што е :)
може некоја слика да ставиш од тоа до каде што си стигнат да видиме како се одвива проектот :)
баш интересно звучи

само пази на финансиите
пошто сега може да се најдат половни осцилоскопи за до кај 30 евра  ;)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
пошто сега може да се најдат половни осцилоскопи за до кај 30 евра  ;)

Кај нас :O, кај ги има кај нас кажи, јас уше одма да идам да си купам еден ;D.

Ако мислиш на оние од Шведска што беа, ОК, тогаш знам за тоа ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline nCounTr

  • Почивај во мир
  • Стручњак
  • *****
  • Posts: 231
  • Gender: Male
  • Дипл.Ел.Инж.
    • Македонски форум за електроника
PIC18F4550 e 534 денари во Логинг.
ESPRIMO Mobile v5505 | Intel Centrino Duo T5450 @ 1,66GHz Santa Rosa | Apacer 4GB DDR2-667MHz | Fujitsu 120GB SATA-150 5400rpm | Intel x3100 384M Memory | Intel PRO/Wireless 3945abg | Gigabit Ethernet | Toshiba Bluetooth v2.0 | Windows 7 x64
АМАН ЧИТАЈТЕ ПРАВИЛA

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
не мислев кај нас
кажувам кај онај за од шведска, кај нас се наоѓаат за до кај 100E
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline deophorant

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 300
Целиот уред е изработен од повеќе модули кои ѓи поврзува заедно една матична плоча. Во продолжение можете да видите неколку слики од некои експериментални модули. Оние кои ги нема од двете страни обицно од другата страна имаат само кондензатори и калеми за распрегање.

MCU (microcontroler unit) модул:


Матична горна страна:


Матична долна страна:


RAM:


Контролна единица:


Аналоген модул- дигитална секција горна страна:


Аналоген модул- дигитална секција долна страна:

Аналоген модул - аналогна секција горна страна:


Аналоген модул - аналогна секција долна страна:


A/D модул (експериментална плочка со CXD1175AM) горна страна:


A/D модул (експериментална плочка со CXD1175AM) долна страна:


Доколку има интерес можеме во некој иден пост да објасниме подетално во врска со секој модул. Сепак има уште многу работа окулу целосниот проект.

Поздрав и успешна работа

Offline r00t

  • Нов член
  • *
  • Posts: 27
JUST FRICKING WOW !!!

good job !

екстремно прекрасно сработено ! :)))

Осеќам плочките се од логинг :)))

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
добро сработено, само следниот пат кога прикачуваш поголеми слики ставај го линкот за форуми :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!