Останато > Моделарство

Брод со парен погон

(1/2) > >>

batka:
Налетав на ова слика од пред нашето време.Не е лошо моделариве да ја видат.Едноставно ставаш свеќа под резервоар со вода и парата го тера бродот кој ецелиот од лим.Дали некој правел ваква бесна машина? Јас да,на 8 години.

Bojan:
хеииии закоооон, никогаш не ми текнало на вакво нешто, а ептен сакам да си направам бродче некое, ама погонот се чудев како да го правам....алал да ти е батка за ова :D

GigaWatt:
Не сум по моделарството, ама морам да признаам дека идејата е оригинална ;) ;D.

Bojan:
аха...да најдам лимови и време и може ке го правам :D

batka:
Имав како мал (ее,кога беше тоа) добиено една книга ,на германски, со вакви *цаки*,а имаше доста и авио модели,модели на железници итд,па се до електронски направи,електромагнети,детекторски приемници итд. на многу популарен начин представени.Пример: детекторски приемник во кутија за чевли,приемник во кутија сапун... ;) Ама,не знам каде отиде,одамна ја немам.Иначе,имам и собирам доста вакви идеи,пред се врзани со Народна Техника и натпреварите.Последна * Хит* конструкција беше пила за печатени плочи,за шпер-плочи направена од мотор за брисачи,АТХ напојување и рам со пилица за резбање - оригинал решение! Или режач за стиропор со грејна жица ,рачен,поврзан со АТХ ,со кој режеш како со ножици.. ;D ;D ;D

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version