Други технологии > Роботика

Развојна околина за роботски систем

(1/4) > >>

deophorant:
Уште од одамна планирам да направам некое мало и паметно роботче, без многу механика но со доста интелигенција. Првенствено идејата беше да се развива софтвер за дигитално процесирање на сигнали, развој на софтвер за сензори, и софтвер за дигитално процесирање на звук, слика и видео. Конечно првиот чекор кон тоа остварување го направив. Главната плоча е изработна, која ке биде мозокот на целиот робот. Главниот процесор кој ке се грижи да усогласи скоро се што ке има на роботчето а ке превземе голем дел и од процесирањето на сигнали е ARM Cortex M3 (LPC1768) на 100MHz. Овој контролер поседува доста периферија, која скоро цела е искористена, освен она што не му е потребно на робот (USB, Ethernet, ...). На плочата која е планирано да стои некаде најгоре на роботчето се поставени 2x16 LCD, 8 тастери, 8 LED, Батерија за RTC на микроконтролерот, аудио засилувач заедно со звучник за кои е искористен D/A конверторот на микроконртолерот, конектор за ахцелерометар, конектор за ZigBee модул на microchip, конектор за далечинометар со ултразвук, многу комуникациски канали (SPI, I2C, CAN, UART ...), еден EEPROM 20kb, интерфејс за 2 DS18B20, од кој едниот ке мери амбиентална температура, а дугиот температура на батерија. Еден од A/D конверторите е искористен да го мери напонот од батеријата и д аследи нејзина состојба, по потреба да даде звучен сигнал, светлосен па дури и да се исклучи. Има уште многу други детали за кои ке зборуваме понатаму. на следниов линк ке можете да ги погледнете сликите од главната плоча:


--- Code: ---http://rapidshare.com/files/444201335/Sliki.pdf
--- End code ---

Планирано е и овој систем да добие и многу сензори, камера, DSP процесор за real time процесирање на видео и снаогање во простор, NAND FLASH 1GB, micro SD картичка, Аналоген модул со A/D и D/A конвертори со галвански издвоено напојување, како и контролна единица за батеријата, која ке треба да го регулира полнењето и да го следи статусот на батеријата. Но за тоа да се реализира ке помине барем уште еден месец, но и оваа плоча се роди како идеја пред неколку месеци но еве го виде светлото на денот.

Malecko:
БРЕЈЈЈЈЈЈ алал ти вера deophorant,поооо ова кузне што пари си фрлил за да го направиш...Иначе чекаме слики од целото роботче :D :D

SKOLS_OLD:
Деофрант,тоа линкот не го отвара.Ерор има некој ми вика. >:(

deophorant:
Еве уште еден линк, иако и претходниот кај мене работи.

--- Code: ---http://hotfile.com/dl/99028906/d88b8fa/Sliki.pdf.html
--- End code ---

SKOLS_OLD:
а дали може да кажеш цена,колку се ќе фати ова да го направам?Ако е над 100евра немора ;D ;D

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version