Аналогна електроника > Напојувања

Модифицирање на ATX напојувања

<< < (18/18)

GigaWatt:
Бидејќи имаме проблеми со attachment-ите, еве ги сите шеми што претходно ги имам post-ирано на едно место ;).


--- Code: ---http://app.box.com/s/yp1wewv6j864jqir4i4bxj5wsziwppdc
--- End code ---


--- Code: ---http://www.asuswebstorage.com/navigate/s/1AD1CE0214D442D7A8AC765C6C2C6752W
--- End code ---

bicikle:
Да не има некој шема од 2003(само колото) или па да не преправал некој преправки од вакво напојување

GigaWatt:
Со 2003 не можеш да преправаш. Бара директен feedback од 3.3V, 5V и 12V (тоа се гледа и од шемата). Преправки се можни само ако SMPS напојувањето е изведено со TL494, KA7500 или IR3M02.

bicikle:
Е тогаш здравје :)

bicikle:
Туторијалот по кој се водев е од следното мислење

--- Quote from: GigaWatt on 16.04.2015, Thursday, 18:17:56 ---
--- Code: ---http://www.chirio.com/switching_power_supply_atx.htm
--- End code ---

--- End quote ---
Добро е да прогуглате дали некој предходно го модифицирал моделот кој сакате да го модифицирате и дали ставик слика како изгледа члочата со сите делови извадени, како не би се ќоравееле да ги барате отпорник по отпорник.
Прво, модификацијата овозможува 2 начина на модифицирање, првата е како би се добила максимална струја но помал напон, втората обратно
Е сега има две под варијанти, да ги користиме изводите за 5 в и за 12в. Ако се користат изводите од 5в, на целостен исправувач се добива 25в, а на тие од 12 се добива околу 56-60в. Може да се користи и полубранов исправувач па да се добијат 2х12.5 т.е. 2х30в.  Ако ја правите верзијата каде е потребна повеќе струја, од сториџ трафото (нз како е на МК ) се користат намотките од 5в, претежно се во паралела, и се користат такак како што се, односно не се чепкаат тие, него другите се одлемуваат. (0-16v, 0-16А)
За втората модификација каде што се користи целобранов исправувач, повисок напон и помала стуја(0-30v, 0-12A) намотките од 5в се врзуваат сериски, а ако се оди до крајности ( 40+в) се користи таа од 12в или се врзува и таа сериски со тие од 5в, значи 3 намотки врзани сериски. Треба малце да се експериментира им да се утврди како одговара најмногу, т.е. кога сториџот грее најмалце а исто така и транзисторите се најладни, или ако има некој ват метар, да го стави на штекер, па при исти потрошувач која варијанта влече најмалце енергија. Ова се јавува ради различита фрекфенција која може да се измени и пожелно е да се „убрза“ за некои 30% како би добиле малце луфта во снага, но на сметка на ефикасност, и последователно на тоа не греење на транзисторите. Е сега оти е добро да се убрза фрекфенцијата. На пример напојувањето го користите за засилувач, лемилка или ило кој потрошувач кој не троши константно исто ел. енергија. На пример засилувач од 100 вати ќе троши енергија во зависност од амплитудата, а нели музиката не е еден ист тон на максимално ниво па така кога е потивка напајањето има време да се регенерира, а во зорт(на пример лупање на тапан) е способно да ги задоволи потребите. Слилно и за греалка за леткун, леткумот влечи енергија интензивно краток период додека да загрее а потоа само се дозагрева, па нема да му е проблем 2-3 минути да работи изфорсирано. Во случај да се погонува на пример светло кое свети константно, вентилатор кој исто така врти константно, фрекфенцијата најдобро е да не се чепка. Калкулатор мислам имаше и онлајн, како не би сметале рачно вредности за отпорникот(пин 6, RT) и кондензаторот(пин 5,CT) . Не одете над 200килохерци (мада е премногу), но сепак добро е да се знае дека тоа е лимитот на ова иц (tl494/ka7500).
Транзисторите ептен греат, па добро е да се стави поголем ладилник, поснажни транзистори кои се побрзи. Но и „stock“ сетап брка работа, само погрижете се да е на промаја.
Диодите најдобро е да се нови и соодветни, постоечките се шкоти и се многу осетливи на напон, а може да се деси да се појави некој шпиц со повисок интензитет на ваква модификација, така да све ќе изгори, па сметам дека не вреди ризикот. Пожелно е да биде една диода по гранка, но може да се стават и повеќе во паралела. Е сега кога се ставааат во паралела, бидејќи од 5 диоди да речиме една ќе е најјака и најмалку ќе грее, една ќе е најслаба и се повеќе и повеќе ќе грее ( како се загрева така станува „послаба“) пожелно е да се стави плус 1/3 како каква-таква сигурност дека нема цел терет да падне на 2 диоди и да ги разори. Можда добро е на секоја диода да се стави шунт отпорник (200-500 оми) во серија со шунт кондензатор ( 47-100p) како малце би се ублажила разликата, но ако се 5+ диоди мислам дека не вреди, и онака се различни премногу, па да може да се потисне разликата. За 2-3 диоди би било по рационално. Секако ако се користи единечна диода по гранка нема апсолутно никаква потреба.
кондензаторите покрај тие што се директно, ставете 2-3 по габаритни после заштитата (отпорникот од 0.040/0.060оми) т.е. на самиот излез. Јас би додал и неколју пластични/ќерамички во вредност до 10 микрофаради и 5-6 по 100-220 микрофаради електролитски. Знали на постоечките плус овие, на самиот излез.
Индуктивниот филтер ( намотан е на мало цилиндарче), може и без него, но тој/тие(некаде се 2) од 5в ги задоволуваат критериумите за повеќето ел. уреди. Ако ви треба ептен струја како за стартер врзете го и тој од 12в паралелно со ними ( и за 3в3 мислам дека имаше).
П.с. напонот се ограничува со потенциометарот од 20kohms и отпорникот од пин 1 према маса. Зависи од нивниот сооднос. Потенциометарот може да биде 50khoms( за повисоки напони), а отпорникот од пин 1 према маса од 100 до 1000. Може да се стави привремоно тример додека да се утврди кој отпорник одговсра најмногу на потребите, па потоа да се смени со ,,обичен"отпорник. пожелно е тој потенциометарот од 20к даго заштитите со додавање на сериски отпорник со вредност 1/10 од тримерот бидејчи ако го свртите нагло кондензаторите ќе се испразнат веднаш што знаши или потенциометарот ќе откаже или интегралното. Нус појава е што нели ќе има ефект како постојано да е свртен за 1/10 т.е. ќе не може вредноста на напонот да достигне баш 0 волти.
За струјата се одредува по омов закон тој отпорниклт што е од маса према излез за минус, тењба да се остави малце луфта, но кај мене 0.04 оми се покажа дека е добар за струја од 10 ампера.
Ова е иднината на регулисани напајања, ефикасноста во широк опсег е константна и околу 70 %, е сегасе малце по комплицирани ама и со далеку поширок опсег.
Ако пропуштив нешто осеќајтесе слободни да прашате/надополните/корегирате.
*Темава може не е најсоодветна, се мислев на повеќе теми да го копирам постов, но може нема потреба да се дуплира, а ако има колај е за копи-пејст.
Еве и видео

--- Code: ---https://vimeo.com/317169913
--- End code ---
Многу битно( аум го заборавил), моќноста не смее да се надмине, на пример имате 300 вати напојување, сте го модифицирале да дава 50в, значи отпорникот од 0,060 оми ќе го поддесите (најверојатно експериментално) да дава максимум 6А, како не би сте ги поминале границите. Се почнува со помала струја, ставате отпорник од 0,1 ќе видите која е максималната струја, па го намалувате према потреба.

Navigation

[0] Message Index

[*] Previous page

Go to full version