Author Topic: FM Приемник со TDA7000  (Read 8381 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
FM Приемник со TDA7000
« Opened on 10.10.2009, Saturday, 01:33:33 (Edited 17.10.2014, Friday, 00:18:28) »
Ова е шема на еден FM приемник кој го имам направено и работи задоволително (со задоволителна осетливост) од фрекфенции од 50 до 120МHz (со промена на калемот, со дадениот калем 88-108MHz) и е доста едноставен за градба.



Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: FM Приемник со TDA7000
« Reply #1 on 30.01.2010, Saturday, 21:41:10 »
А дали имаш нешто фатено од 50-87,5 и 108-120MHz?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: FM Приемник со TDA7000
« Reply #2 on 31.01.2010, Sunday, 02:18:29 »
од 50-87MHz се фаќа аудио делот од МТВ1 (овде во Битола), а од 108-120MHz има некој линк за локално радио меѓутоа мислам дека не им е легален :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline SaleSk

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 434
  • Gender: Male
Одг: FM Приемник со TDA7000
« Reply #3 on 31.01.2010, Sunday, 03:23:18 »
Овој приемник го имав направено пред 17 години во средно школо и работеше топ...Имаше интегрирано и аудио засилувач со тба 820 ако добро се сеќавам..Ако го најдам по кутиите ке ставам и слика као изгледало :)
Душевно болниот човек никогаш не напаѓа без причина. По тоа се разликува од нормалните луѓе.
Keyboard not found...Press F1 to continue...

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: FM Приемник со TDA7000
« Reply #4 on 31.01.2010, Sunday, 04:03:19 »
од 50-87MHz се фаќа аудио делот од МТВ1 (овде во Битола), а од 108-120MHz има некој линк за локално радио меѓутоа мислам дека не им е легален :)
топ, 67,75MHz МТВ1 од Пелистер единстевиот предавател во Македонија кој работи на 4ти канал и го имам фатено дури во наш Солун. Од 108 па се до 138MHz се авио фрекфенциите.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: FM Приемник со TDA7000
« Reply #5 on 31.05.2010, Monday, 15:29:52 »
како задоволен?
Прима далечни и слаби ФМ сигнали?
Има добар звук?
Може да се приклучи стерео декодер?
Не се менуваат сами станиците?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5324
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: FM Приемник со TDA7000
« Reply #6 on 31.05.2010, Monday, 15:49:46 »
има псевдостерео коло додадено кое служи за да направи од ништо стерео сигнал :) :D
јас го имам изработено само делот од приемникот без додатоците со тоа псевдостереото и без засилувачите, ама имаше некој проблем никако да проработи
незнам што е финтата, инаку за промена на фреквенцијата се користи варикап диода што треба да е постабилно, ама во пракса тие склопови малку поглупави се покажаа
барем тие јас што ги имам правено
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline entuzijast

  • Баниран
  • Нов член
  • *
  • Posts: 44
  • Gender: Male
  • Elektronicari samo napred!!!
Одг: FM Приемник со TDA7000
« Reply #7 on 02.06.2010, Wednesday, 21:33:48 (Edited 02.06.2010, Wednesday, 21:36:36) »
Овдека во Скопје ги прима сите скопски радиостаници кои емитираат програма во УКВ-подрачје!!!
Неверојатно со добар квалтет.
Има еден услов, ако квалитетно го изработите, без никакви грешки!!
Секогаш подготвен,...да направам НЕШТО !!!

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: FM Приемник со TDA7000
« Reply #8 on 04.09.2015, Friday, 10:57:21 (Edited 04.09.2015, Friday, 11:00:08) »
Еве изработена една друга варијанта на овој приемник и работи добро. Шемата и плочката беа од Емитер меѓутоа имаат грешка која доведува до самоосцилации и прегорување на TBA820M. Исправната шема и плочка, како и склопениот уред се прикажани подолу:



Плочката и распоредот на елементите се превртени и спремни за тонер трансфер (се печатат на A4 формат со намалување Scale од 24%).







Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3152
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: FM Приемник со TDA7000
« Reply #9 on 04.09.2015, Friday, 11:40:19 »
Одлично, гледам ти тргна со силк-скринот... ;) :D
Иначе, колку кошта TDA7000 кај нас?
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: FM Приемник со TDA7000
« Reply #10 on 04.09.2015, Friday, 14:35:37 »
Мислам дека беше 150 денари, не се сеќавам. Сега некој одма ќе рече дека за 200 денари има комплетно радио на пазар меѓутоа задоволството да го правиш ти се плаќа :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: FM Приемник со TDA7000
« Reply #11 on 04.09.2015, Friday, 21:02:02 »
Борче, може ли овој приемник да се модофицира на начин што фреквенцијата наместо со променлив кондензатор би се менувала со помош на потенциометар и варикап диода? Тој метод се користи кај поновите лисичари за радиогонометрија, променливите кондензатори се заменети со потенциометар и варикап диода. Исто така дали би можело да се стави и S-metar кога ќе си на точна фреквенција на пример Антена 5 да покажува максимум? Секако во тој случај треба модификација на шемата.
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: FM Приемник со TDA7000
« Reply #12 on 04.09.2015, Friday, 23:33:21 (Edited 05.09.2015, Saturday, 08:09:31) »
TDA 7000  за прв пат се појави 2004 ( 18 пински  DIP ).Следен беше  TDA 7010  Т ( 16 пински SMD ).
Следеше  TDA 7021  Т кој беше стерео компатибилен. Последен во серијата беше TDA 7088  Т кој работи на 3 V.
ТDA 7000 нема извод за S- метар ,а не сум сигурен за 7021 ! Иначе може да се преправи со варикап и потенциометар за бирање станици,само треба да се најде повеќеобртен потенциометар.


Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: FM Приемник со TDA7000
« Reply #13 on 05.09.2015, Saturday, 01:45:02 »
Така е батка. Повеќеобртен потенциометар би било одлично за попрецизно подесување на приемот. За прикажување на фреквенцијата имам видено нешто налик како амачпген волтметар со  стрелка на него испишани фреквенции од 88-108 мегахерци, но барајќи на интернет никако не можам да најдам таков инструмент  ???
Hams do it! With Frequency

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: FM Приемник со TDA7000
« Reply #14 on 05.09.2015, Saturday, 08:06:54 »
Еве две шеми во кои се направени работите кои ги бараш, значи во првата шема имаш два тримери со кои се подесува горната и долната гранична фрекфенција а со потенциометарот се "шета" помеѓу тие две фрекфенции. Се користат две варикап диоди за поголем опсег.

Во подолната шема има изведено покажувач на приемот со поврзување на засилувачи на пиновите на 1 и 12 на колото меѓутоа немора ти да вградуваш лед покажувач со 3 диоди, може да се вгради LM3914 со 10 диоди или пак аналоген инструмент.



Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.