Даниел со повеке e-mail пораки ме опсипа деновиве со желби да прави евина,а сепак за него добра кутија .Намерата му е да го испроба неговото * ценето* појачало,кое одамна го гради,па еве ,спрема сите податоци кои ми ги испрати му предлагам да направи една бас рефлекс кутија која на најдобар можен начин ке ги надмине неговите очекувања
.
Значи, еве го нацртот искорегиран,на спрема мене - најдобар начин.Спрема тоа како ми го опиша своето сваќање за музиката и расположливите средства,мислам дека ке биде задоволен! Сега оставам на вас и на него да дадете мислење,сугестии и предлози! Да не заборавам - овој тип на кутии не се дампираат како оние компресионите,па би било добро ако Даниел набави тервол и обложи со 4 см тервол три страни: задна,горна и една бочна,со тоа да бас рефлексниот отвор од 11 мм остане слободен.
Иначе Даниел го одбра овој бас звучник:
CONRAD DYH 1530 E LOUDSPEAKERS 15"
Load carrying capacity RMS/Max 150/250 W
Frequency range 20 - 4000 350 Hz
Останатите параметри ги имам ,ама на овој пост нема да ги ставам,да не фаќам премногу простор.Кој сака,нека му се обрати лично нему.
Резонантната фреквенција на кутијата е многу ниска -30 Хз -скоро сабвуферска!
Со среќа нека ти е !Алат во раце,ама прво простудирај ја градбата!!!