Аналогна електроника > Високонапонска техника

Mи треба помош за теслиниот трансформатор

(1/5) > >>

Malecko:
Викав,ај да не барам помош,сам божем ќе поправам ама јок,што не бива не бива ;D.Сакав како изненадување али јок...Вака,имам проблеми со теслиниот трансформатор поточно драјверот,кој ја „драјвува“ бобината...Земав се го направив,значи секундарниот калем е намотан со 1820 намотки,примарниот на две на три е мотан,треба уште да се досредува,драјверот е направен но сега имам проблем,капацитивната банка од кондензатори е направена,значи се е стокмено само ме кочи драјверот.Ок како и да е,земав на обична универзална плоча го направив драјверот,и работеше супер,значи бобината одлично си фрлаше искра се убаво.Фрлаше некои 1-2цм искра ама моќна,кога ќе и ставев жичка ја топеше :D.Ок,земав го монтирав драјверот,трафото,транзисторот и бобината на една иверка,поврзав се како што треба со 10 пати проверување случајно да не направи KABOOM.И добро пуштив струја,ама па за бељата сега па не работи,како што ми се дешава у 90% у случаите,а нешто направам,го истестирам дека работи значи се супер,а го џитнам во кутија одма не работи и има душата да ми излезе дур да најдам кај му е маката...Ок да се вратам на прашањето зошто не работи драјверот,како „последици“ што не работи се следниве:транзисторот BDX87C грее,ама не многу,ама се осеќа :D,иначе е монтиран на прилично голем ладилник,регулаторот 7812 не грее,диодата свети,грецовиот спој,сите четири диоди грејат ненормално,едвај да ги подржиш со прст,одма те горат,бобината не грее и осцилаторот со NE555 не работи,значи NE555-ката не осцилира,а сменив едно 10 комада NE-TLC 555 тајмери,божем до тоа да не е и не е.Трафото што го напојува и тоа грее по малце,е сега дека од кога дознав за сериски поставена сијалица,во замена за осигурувач од тогаш и тестирам така :D.Сијалицата свети и тоа многу,значи не малце него мноооогу,и понекогаш трепка и димува кога ко пипкам-местам колото-555-ката,до што е?Ја сумњам во диодите-грецовиот спој,случајно да не се скувале или нешто,чекам ваше мислење... :D ;D

П.С. Шемата е во атачмент,цртана јово на ново,е сега кој нема sPlan нека симне и нека ја види :D,дека не смеам да ја закачам таа од емитер...А пошто доста е голема оваа,не можам ни скриншат да и направам :D

Devil:
1. Грешка, Емитерот од транзисоторот оти не ти е на маса ?
и 5-ти пин од 555-та треба да се на маса :)
2. провери си го поврзувањето на грецот, провери дали кај 555 на 1 и 8 пин има некој напон
3. дали стави искришт, ако немаш стави оти ќе имаш проблем
4. провери си го трафото во празен од дали ти работи :), да не фрли патики

еве ја шемата поправена  ;D

GigaWatt:
Свети ли LED диодата, дека ако не свети, можно е некоја компонента пред или после неа да прави краток спој :S.

bicikle:
Прво види регулаторот даи е ок, па кондензаторите пред тегулаторот, т.е. после грецот. Грецот извади го види диодите дали се ок. Мене ми изгледа дека е грецот, но сепак провери го транзисторот, и провери при монтирање некој штраф да не си заштрафил во водовите или некоја живжца. Ако можеш стави слики..
Споено мислење: 06.01.2011, Thursday, 05:34:30
--- Quote from: Devil on 06.01.2011, Thursday, 00:05:09 ---1. Грешка, Емитерот од транзисоторот оти не ти е на маса ?
и 5-ти пин од 555-та треба да се на маса :)
2. провери си го поврзувањето на грецот, провери дали кај 555 на 1 и 8 пин има некој напон
3. дали стави искришт, ако немаш стави оти ќе имаш проблем
4. провери си го трафото во празен од дали ти работи :), да не фрли патики

еве ја шемата поправена  ;D



--- End quote ---


Сигурно грецот е така поставен ?

Malecko:

--- Quote from: GigaWatt on 06.01.2011, Thursday, 01:09:55 ---Свети ли LED диодата, дека ако не свети, можно е некоја компонента пред или после неа да прави краток спој :S.

--- End quote ---
Диодата свети,ама „димува“ како што го пипкам колото,се мислам да не нешто сокетот заебава,ама па ме чуди зошто свети сијалицата,исто како при краток спој :D

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version