Се нервирам бидејки за овие години(20) не се најдоа од мајка родени да напишат нешто вакво на Македонски!
А и ако има некој ракопис,нема кој да го рецензира и издаде.Браво професори!
Ееееее, да, една од моите „болки“, а и да издадат, нема да биде ни оддалеку толку добра како оваа книга (односно серијата на книги, Impuslna Elektronika, Osnovi Elektronike, Digitalna Elektronika...), како и збирките задачи. Знам дека повеќево на форумов не се студенти на техничките факултети, ама верувајте дека збирките се подобри од кои и да се задачи што сме ги решавале на аудиториски вежби :S. И јас мислам дека е срамота, ама тоа е тоа.
Има сега некои книги за електроника за компјутерскиве смерови, ама многу оскудни се :S, Електроника 1 и 2. Баш ја читав едната од нив, премногу оскудни се, само основните типови на кола се опфатени (засилувачи, осцилатори), два типа на повратни врски (а постојат сигурно околу 5 или 6 различни типови, а да не зборувам за нивните модфикации и хибридните споеви, двојни повратни врски, итн.), повеќето шемички се со два или три транзистори, не е објаснето како да се ограничува опсег, како да се врши спрега, како да се додавата додатни компоненти за стабилизација на колата... во принцип работи кои се многу важни за правилна работа на колата :S. Без нив, се што пишува во теоријата не функционира во праксата (или не функционира како што треба :S).
Има една прекрасна книга за Електронски Мерења, и имам копија од неа, но цела е подвлекувана со пенкало и highlight-ери, не можам да скенирам таква, за никаде ќе биде скенот :S. Ако ја најдам од некаде неподвлекувана, дефинитивно ќе ја скенирам
.