Електронски уреди > Бела техника

Мотор од фрижидер

(1/5) > >>

Syrus:
Имам еден стар фрижидер кој не работеше, пред некој ден го извадив неговиот мотор и го приклучувам во струја не дава никаков сигнал. комшијата ми вели дека немора да значи дека е изгорен можеби е цркнато тоа релето што е на него е сега кажете ми како да го проверам

MarkoMK:
Епа пробај најди го релето, и расклопи некој капак ако има за да дојдеш до самиот мотор. Па после можеш да го испиташ релето, или да го врзеш директно на струја (без реле).
За секој случај, користи сјалица во серија (има на форумов како се поврзува) случајно да не има краток спој негде.
И не е лошо некоја слика да поставиш да видиме точно за што станува збор.


До администрација: Темава би требало да се премести во „Бела техника“

DX-er:

--- Quote from: MarkoMK on 03.12.2010, Friday, 11:50:12 ---
До администрација: Темава би требало да се премести во „Бела техника“

--- End quote ---
Фала за потцетувањето, темата е преместена

SKOLS_OLD:
зашто не ставиш кондензатор?

GigaWatt:

--- Quote from: SKOLS on 03.12.2010, Friday, 12:31:52 ---зашто не ставиш кондензатор?

--- End quote ---

Постарите фрижидери немаа кондензатори во секцијата за „палење“ на моторот, мислам дека само поновите имаат, иако не ми е јасно за што служат, сум го извадил кондензаторот и пак работи фрижидерот, можеби за фазна компензација е или за филтрирање на напонот, кој знае :S.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version