Останато > Мерна опрема

Испитувач (тестер) на оптокаплери

(1/17) > >>

LordZi:
Ја најдов шемата нa еден странски форум, ја испробав со неколку различни типови оптокаплери и работи добро, оптокаплерот е исправен ако со вртење на потенциометарот се менува сјајот на лед диодата од нула до полн сјај. Наместо потенциометарот може да се стави тастер, кога ќе се притисне треба да свети лед диодата, кога ќе се отпушти да се угаси.

GigaWatt:
Хммммм, а може да испитуваат со оваа шема и изолациски трансформатори и изолациски засилувачи?

LordZi:
Не верувам...

deophorant:
Со оваа шема можат да се испитуваат само изолациски елементи во статичка состојба (оптокаплери и DC изолациски засилувачи). Трансформаторите се AC изолациски елемнти и неможат да се испитуваат со оваа шема. Но секој што го разбира принципот на работа на елементите може да си го испита елементот со соодветни мерни инстументи (осцилоскоп, функциски генератор, мултиметар + неколку самосоставени шемички користејки некои од наведените уреди). Ако на некој му треба да испита нешто, а незнае како нека праша ке му објаснам како и со што може да го испита соодветниот елемент било да е транзистор или процесор.

GigaWatt:

--- Quote from: deophorant on 24.10.2010, Sunday, 22:19:08 ---Со оваа шема можат да се испитуваат само изолациски елементи во статичка состојба (оптокаплери и DC изолациски засилувачи). Трансформаторите се AC изолациски елемнти и неможат да се испитуваат со оваа шема. Но секој што го разбира принципот на работа на елементите може да си го испита елементот со соодветни мерни инстументи (осцилоскоп, функциски генератор, мултиметар + неколку самосоставени шемички користејки некои од наведените уреди).
--- End quote ---

Да да, знам, ама прашањето ми беше дали може со мали модфикации ова да се користи и за испитување на изолациски засилувачи. За изолациските трансформатори, во право си, треба да е наизменичен напонот, ми летна тоа од глава ;D, добро што ме искорегира ;).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version