Аналогна електроника > Сè останато

Неонка на 220V без пригушница и стартер

<< < (6/6)

LordZi:
Искрено, не сум чул или видел досега некоја неонка да настрада катастрофално, со експлозија, значи од оние старите долги прави, овие поновите CFL делуваат на изглед понежни така да не ме чуди ::). Сега вака кога ќе ми текне, имав едно време на бирото CFL и стаклото приметно се загреваше при работа, нешто што не сум приметил порано кај старите неонки, а од кога памтам сме ги користеле дома, пригушницата да, се загревала, ама стаклото никогаш не сум приметил дека нешто многу е загреано..
Ме заинтересира темата и малце пребарував по нетот, има некои случаи кај што се жалат луѓе дека им пукнале CFL-ките, најчесто електрониката, поретко самото стакло и колку што разбрав никогаш не дознале зошто, можда од напонски пик, фабрички дефект, а во некои случаи од прегревање на лампата настанал и пожар... :P

GigaWatt:

--- Quote from: tanatos on 08.02.2021, Monday, 01:11:02 ---Во моментот кога стартерот ќе отвори се прекинува струјното коло, пригушницата генерира висок напон - неколку киловолти - при што доаѓа до јонизирање на гасот и протекување на струја меѓу електродите. По ова пригушницата превзема улога на ограничувач на струја со својата реактивна отпорност.
--- End quote ---

Слична функција имаат и множителите на напон (кондензаторите) од шемите погоре ;). Не генерираат неколку киловолти, но до кај 700V, да... и барем јас колку што знам, тоа е повеќе од доволно за да проведе било која неонка/CFL-ка.


--- Quote from: tanatos on 08.02.2021, Monday, 01:11:02 ---Просечен работен напон на флуоросцентните светилки е од 20 до 80 волти. Остатокот од напонот го превзема пригушницата или електронска пригушница.
--- End quote ---

Истата функција потоа ја имаат и кондензаторите: напонот кој не го „користи“ неонката, е на нивните краеви ;).


--- Quote from: tanatos on 08.02.2021, Monday, 01:11:02 ---Без соодветно ограничување на струјата, струјата низ светилката ќе расте неконтролирано што ќе предизвика загревање и можна (шансите се огромни) експлозија.
--- End quote ---

Па, ако се ограничува напонот на краевите на неонката, т.е. ако кондензаторите потоа ја превземаат таа функција на „напонски ограничувачи“, значи дека и напонот на краевите на неонката не може да биде еднаков со мрежниот, со што струјата не може да расте поради тоа што напонот на краевите на неонката не го „форсираме“ да биде еднаков со мрежниот.


--- Quote from: tanatos on 08.02.2021, Monday, 01:11:02 ---На нет можат да се најдат шеми кои со каскада (диодини кондензатори) го четворостручуваат мрежниот напон за да ја запалат CFL, а потоа самата каскада ( реактивната отпорност на кондензаторите) служи за ограничување на струјата
--- End quote ---

Па генерално змено, овие шеми се такви :). Множители на напон се :). Со тоа што мрежниот напон не го зголемуваат за 4 пати, туку за 2 пати. Практично, на краевите на неонката доаѓа еднонасочен напон од околу 650V. Откако ќе запали неонката, напонот паѓа бидејќи има кој да ја троши струјата на краевите од кондензаторите (неонката), а кондензаторите се далеку од доволни (димензионирани) за да можат да држат константен напон на краевите за струјата која ја троши неонката ;).


--- Quote from: LordZi on 08.02.2021, Monday, 01:56:05 ---Сега вака кога ќе ми текне, имав едно време на бирото CFL и стаклото приметно се загреваше при работа, нешто што не сум приметил порано кај старите неонки, а од кога памтам сме ги користеле дома, пригушницата да, се загревала, ама стаклото никогаш не сум приметил дека нешто многу е загреано.
--- End quote ---

Да, CFL-ките повеќе греат. Не знам точно која е причината, но претпоставувам дека е дебелината на самите цевки. CFL-ките се потенки во однос на класичните неонки, а имаат иста моќност. Иста моќност (јачина на струја) поминува низ потенка цевка - автоматски значи дека би требало повеќе да грее.


--- Quote from: LordZi on 08.02.2021, Monday, 01:56:05 ---Ме заинтересира темата и малце пребарував по нетот, има некои случаи кај што се жалат луѓе дека им пукнале CFL-ките, најчесто електрониката, поретко самото стакло и колку што разбрав никогаш не дознале зошто, можда од напонски пик, фабрички дефект, а во некои случаи од прегревање на лампата настанал и пожар... :P
--- End quote ---

Ова никогаш не ми се има случено со CFL-ки со Едисон винт (како и да му беше ознаката :P :D), без разлика дали биле со тесно или дебело грло. Или греачите им откажувале, или електронскиот стартер, едно од тие две. Но не, никогаш не ми пукнала ниедна цевка... освен ако не ми паднала :P :D.


Јас ќе пробам, имам на располагање доста вакви, па ќе видиме како ќе тераат :P :D.

Navigation

[0] Message Index

[*] Previous page

Go to full version