Аналогна електроника > Сè останато

Неонка на 220V без пригушница и стартер

(1/6) > >>

BorceBT:
Ова е шема за драјвер за неонка директно на 220V без пригушница и стартер. Неонката е до 8W



Ова е шема за драјвер за помоќна неонка директно на 220V без пригушница и стартер. Неонката е до 15W. Доколку сакате да ставите нормална неонка од 35 или 40W, ставете два кондензатори од 2uF/630V наместо еден. Доколку во продавницата нема точно 2uF/630V ставете или 2.2uF/630V или 2 кондензатори од 1uF/630V паралелно. Не ставајте кондензатори под 630V на ова место.

Devil:
а во што се подобри овие, поедноставно е да се стави стартер и пригушница од колку вака да биде
што се постигнува со ова освем тоа што ќе зафаќа помал простор ??

BorceBT:
Неонката работи и без исправно влакно, тоа значи дека ќе трае 30% подолго одколку да има обична индуктивна пригушница и стартер.

BorceBT:
Еве предложена од еден член и руска шемичка кога ветува дека ќе работи добро и сјајно:



Деловите се:

Сите диоди: 1N4007
C2 и C3: 3.3nF/1600V до 6.8nF/1600V блок кондензатори.
C1 и C4: 3.3uF/630V или паралелно по 2 2.2uF/630V блок кондензатори а не електролити!!!
Отпорникот: 33 оми/5W жичен.

nCounTr:

--- Quote from: BorceBT on 12.11.2009, Thursday, 01:04:30 ---Ова е шема за драјвер за помоќна неонка директно на 220V без пригушница и стартер. Неонката е до 15W. Доколку сакате да ставите нормална неонка од 35 или 40W, ставете два кондензатори од 2uF/630V наместо еден. Доколку во продавницата нема точно 2uF/630V ставете или 2.2uF/630V или 2 кондензатори од 1uF/630V паралелно. Не ставајте кондензатори под 630V на ова место.


--- End quote ---

Цената за целиот склоп за неонки од 35 до 40W ќе ве чини околу 160 денари.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version