Електронски уреди > Бела техника

Алармот на замрзнувач за длабоко не се исклучува. Што е причината?

(1/2) > >>

slobo_n:
Здраво на сите.

Имам замрзнувач од југословенските, не знам точно која марка е, нема налепница. Стар е некаде 25 години.
Пред некој саат се уклучи алармот без некоја причина и не прекинува да свири. Што значи воопшто уклучувањето на алармот и кога ќе прекини?
Температурата во замрзнувачот е добра, има мраз внатре. Не забележав некој мирис на изгорена електрика. Исто и не забележав некоја голема топлина од кај компресорот и моторот.

Дополнително инфо:
Моторот од замрзнувачот работи, и го менував пред два месеца.

Поздрав

Devil:
прво провери да не туши од негде тој фрижидер дека е прилично стар, смени гуми на вратите за подобро да дихтува, провери дали добро работи ладењето
да не е прегреано нешто фати со рака, ако се издржува топлината лесно добро е, ако е прежешко нешто не е во ред, алармите најчесто се уклучуваат ако се крене многу температурата, провери сензорот за температура дали е во ред да не „рикнал“

Jove:
тоа се случи кај баба ми на фрижидерот не прекинуваше алармот  :-\ :-\ :-\ но проблемот најчесто е да туши фрижидерот и истечен фреон кај баба ми проблем бесе фреонот и фрижидерот прегреваше

maci:
иако има фатено мраз тој не лади добро односно доволно.температурата му е падната и затоа алармира.сигурно под него има фатено вода односно изолацијата е упиена со вода.треба да се исчисти изолацијата односно да се ископа некаде до пола(зависи колку е мокро).најдобро да провериш е да стиснеш со прст во изолацијата и ако ти е влажен прстот копај,вади ја изолацијата.
после ќе треба да ја пуниш со пур пена.

didy:
Според годините, и самиот компресор ја има изгубено компресијата, а може и од оксидација на некој дел од цевките железен или алуминиумски, да попушти, па фреонот да истече, Во секој случај нема постигнато барана температура од -18 целзиусови, и затоа е активиран алармот.
Исто провери дали од долната страна има кондензаџија - влага,  а може да има и мраз, во тој случај ...
 :)
предлог: замени го со нов апарат  ;D

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version