Други технологии > Автоелектроника

LED осветлување и сигнализациски светла во D класа кај велосипед

(1/8) > >>

DX-er:
Имам една идеа, за велосипедот да направам осветлување за напред од бели LED и сигнално светло со црвени од позади. Поради потрошувачката која не се надополнува (нема динамо) сакам да заштедам на енергија.

Мојата идеа е следна, со помош на овој 
--- Code: ---http://elektronika-mk.net/index.php?topic=639.45
--- End code ---
мал склоп кој овозможува работа на LED со само една батерија... но во овој случај склопов би работел со 2 батерии, односно 3V. Мене ми треба ова бидејки е осцилатор на 50KHz (трепери а со тоа ке штеди енергија). Да не се случи да приклучам 20 LED на овој осцилатор па да прегори, ке ставам некој транзистор како 2N3055. Сега ме интересира дали ако овој осцилатор го приклучам на 2 батерии од по 1,5V исто ке осцилира ? Ако осцилира е ОК и идеме понатака. Овој осцилатор треба да дава сигнал на транзисторот кога да ги пали и кога да ги гаси LED (switching) со фрекфенција од 50KHz, па дали овој транзистор 2N3055 може да се пали и гаси толку брзо ? Ако може тогаш може да се поврзат и LED и да се осети благодетот од D класата на работа. Но има и уште еден проблем, напонот од 3V кога ке помине низ транзисторот 2N3055 ке опадне за 0.5-0.7V и LED ке светат многу послабо! Како овој проблем да го решам ?


Што мислите за мојата идеа или пак ако имате некоја друга идеа кажете?

Bojan:
мислам дека нема да работи joule thief-от на 3V ако памтам добро го имав пробано јас ама па не работеше или слабо светеше лед диодата...не ми текнува како беше, ама па и 20LED диоди ти се многу, најверојатно не мислиш да везеш под него а и најмногу се исплати да си купиш таква сијалица....

GigaWatt:
Можеш да пробаш со една навистина јака LED диода, оние што се од по 1W или така нешто, и така да ги „исцицаш“ батериите до максимум ;).

Инаку овој принцип на работа не баш работа во D класа, барем јас колку што знам, иако никогаш не сум се интересирал за дизајн на засилувачи во D класа.

Malecko:
Јас пробував да му направам некои измени на joule thief-от,ама џабе,пробав какви не транзистори вклучувајки го и 2N3055,нај добро испадна со транзисторите BC547 и 2N3904,а со 3055 нејќеше лед диодата ни да светне >:(.Единствени модификации може да се направат само со мотање на ново трансформаторче на мнооогу поголемо јадро и со што е можно потенка жица. :) ;)

DX-er:
а дали имаш пробано со BD транзистор? За мотање на поголемо јадро со тенка жица, не знам како ке работи, ке ми треба осцилоскоп, бидејки целта е да трепери на таа фрекфенција за да има заштеда.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version