Електронски уреди > Бела техника

Проблем со оска од Kirby G4 (Generation 4)

(1/6) > >>

GigaWatt:
Бидејќи немаме секција за механика, а оваа тематика е најблиска до механика, решив тука да го post-ирам проблемот. Како што може да се види од сликите, оската на тркалецето е скршена :S.

     

     

     

     

     
Нарачка на нова оска е околу 800 денари, а искрено не ми се дава таа сума за правосмукалка стара 18 години, па поради тоа решив да го решам проблемот сам ;).

Прво пробав да ја залепам оската со двокомпонентен лепак, ама тоа не успеа (пукна лепакот и оската пак се скрши), па прашав дали може вакво нешто да се вари/швајцува, ама ми рекоа дека станува збор за некоја легура која не може да се швајцува/вари, така да сега веќе не знам што да правам, веќе немам идеи :S.

Има некој идеја што би можел да правам со оскава ???, како да ја средам ???. Не се разбирам многу од варење/швајцување, па поради тоа не знам дали информацијата што ми ја дадоа е точна (дека не може да се вари/швајцува ова легура).

Благодарам однапред ;).

batka:
Земи фибер и малку резбари,тоа ти е најлесна опција.Фиберот нека биде од оние за електрични табли за осигурачи,ги има дебелина 1 см.Прво продупчи соодветни отвори,па потоа исечи и стругај!

Malecko:
Пробај со епокси лепак за железо ;) тоа е доста јак лепак и доста време ќе држи,го имаш во иат алати у аеродром,за цена незнам ама кога ќе проаѓам од таму ќе прашам. ;D ;)

Bojan:
тој што си го прашувал за заварување знае да заварува и со што апарат заварува знаеш???ако е некоја алуминиумска легура сигурен сум дека со ТИГ постапка на заварување може да се завари...

vrukiot:
Го имав истиот проблем и го решив така што земав од електрометал еден лепак за железо незнам точно како се вика но отиди со делот таму и ќе ти објаснат они се.Ако нема во електрометал во меркур има сигурно.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version