Еве да се префрлиме на она што го започнавме.Ако сакате заеднички да работиме и заработиме преку форумов.Соработка за сите кои сакаат да работат на проектот *Школско ѕвонче*.
Проблемот е следен : Се бара програмер кој би направил со ПИК уред кој ке вклучива релеј,преку кого ке вклучуваме во определени интервали (наставен час- одмор).Часот мора да може да се менува (30-40-45 минути) исто и одмор ( 5-10-15-20-30 мин) по потреба.Уредот може да биде самостоен или поврзан со ПК ,преку кого може да се врши потребно подесување.Значи онака како авторот ке замисли.Пример : се стартува рачно-автоматски во определено време уредот,ѕвончето добива импулс преку телето и ѕвони 10 сек. па одбројува 45 мин и повторно ѕвони10 сек.,па одмор 5 минути и пак се активира и се така....7 или 8 часа( да може да се подеси. Опција - скратени часови по 40 или 35 мин. одмор 10,15,30 мин... итд. Не морам да објаснувам!
Правиме плочка, електронски делови, исправувач, кутија итд. Оставете го тоа на мене! Ми треба партнер за програм,програмирање ПИК, а јас (или ако сакаат нека се вклучат и други!!) нарачувам ПИК ,склопувам и продавам.Доколку сакате секој ПИК посебно го плаќам- купувам.Што мислите за идејава?!