Аналогна електроника > Високонапонска техника

Скин ефект

(1/3) > >>

GigaWatt:

--- Quote from: Bojan on 19.09.2010, Sunday, 22:42:59 ---...и заради тој скин ефект далноводите се прават со алуминиумско-челична плетенка, на средината има челично јаже заради механичка цврстина а околу тоа има испреплетено алуминиум зашто има мал отпор....

--- End quote ---

Мислам дека си грешка, алуминиумот не се става заради неговите проводнички (да не речам „непроводнички“) способности, во принцип алуминиумот е релативно лош проводник (добро, не лош колку графитот, али сепак не е еден од подобрите), втор по проводност е бакарот, а прво е среброто. Златото исто така е релативо лош проводник, но се става како емаил врз контакти бидејќи е единствен метал кој не оксидира, односно оксидира многу споро (мислам барем дека е единствен, не ме земајте за збор, ако грешам, нека ме корегира некој). Ако требало да стават добар проводник во далноводите, зошто не ставаат бакар. Мислам дека алуминиумот се става заради неговата крутост и високата точка на топење (ако настане спој во мрежата или нешто слично, да не се стопат водовите ;)). Исто мислам дека имаше нешто врска и со енергетски празнења од воздухот (громови) или така нешто (алуминиумот не привлекува толку многу енергетски празнења, барем мислам дека беше така).

LordZi:
Алуминиумот, иако е полош проводник е доста поевтин од бакарот, затоа направиле компромис и се става од чисто економски причини, иако има и некои добри особини (полесен е од бакарот и сл.). Иначе бакарот има поголема точка на топење, 1000 и нешто ситно степени, не ми текнува сега точно за разлика од алуминиумот кој се топи на 660 степени ;).

GigaWatt:
Хмммм, не сум знаел, јас па се мислев дека бакарот има пониска точка на топење од алуминиумот. А исто не знаев дека поевтин е алуминиумот од бакарот, зашто знам дека најзастапен метал на планетава е бакарот, ама изледа поевтин е процесот на добивање чист алуминиум од руда одколку бакар (колку што ми текнува, бакарот најчесто се наоѓа со златото, па треба да го одвојуваш од златото). Фала за корекциите ;).

Bojan:
грешка си дека бакарот е најзастапен  метал на планетава, малце го има и заради тоа е скап...ја ти како би објаснал јас... 230 денари е кило бакар на одпад а 40-70 денари е алуминиумот...па и според цената ке видиш дека бакарот се цени повеќе, а се цени затоа што го има малце....

SKOLS_OLD:
еден другар продал бакар за 100 евра!!И не сака да части!!

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version