Toj TFT дисплеј што си го гледал го има по развојните плочи со LPC2478. Идејата е што LPC2478 има LCD контролер, кој е направен за драјвање на такви дисплеи. Овој дисплеј иде со развојната на OLIMEX, која е некаде окулу 200 евра (+ДДВ, царина, поштарина), а само дисплеј никогаш не сум барал, ама не верувам дека е поскап од 80-90 евра. Има верзии на тој дисплеј со капацитивна фолија за допир, а јас никогаш не сум имал таков дисплеј а и не сум имал ни потреба од него. Сега во скоро време нема да правам нарачка на елементи од Digikey, ама кога ке нарачувам ке ве известам на форумов па ако нарачаме повеќе ке испадне и поштарината поевтина, итн. Тој дисплеј има стандардизирана комуникација, и за него мора да се има контролер, или евентуално да се направи контролер, што не е баш едноставно да се изведе со послаб микроконтролер поради брзиот проток на податоци до дисплејот. Па поврзување на тој дисплеј без контолер на компјутер не е едноставна работа. Евентуално нешто ако може да се направи на PCI контолерот, со мало прилагодување со некое CPLD. Ама повторно останува софтверското решение и драјверот за PCI контролерот, и модулот. Наједноставно и најевтино решение е сепак да се користи LPC2478, на неговиот контролер да се вози дисплејот, а компјутерот и LPC2478 да комуницираат преку некоја поедноставна комуникација (RS232, USB, ...).
Споено мислење: 22.08.2010, Sunday, 02:08:19
Во меѓувреме настанаа уште некои промени на магистралата и конечни сигнали што ке се појават таму се оние дадени на цртежот даден во прилог. На врските на MCU модулот моментално се работи. Доколку имате некои идеи за уште некој сигнал да е потребен на магистралата пишете.