Вака сега, ме интересира дали правилно мерам осцилации на кристален осцилатор (Xtal). Значи, по некоја логика, од осцилоскопот ја врзувам масата за едниот пин на кристалот, а со мерната сонда го врзувам другиот пин, и треба на осцилоскопот да се појават осцилации (синусоиди) со определена фреквенција, ако е кристалот 8MHz, треба да има осцилации со фреквенција од околу 8MHz и амплитуда од приближно Vdd (околу 5V во мојот случај). Колку што знам јас, вака се мери. Но кога ќе го врзам вака осцилоскопот, нема ништо, јавува само шум, ништо друго :S.
Е сега, кога ќе ја врзам масата за глобалниот GND, а мерната сонда на еден од пиновите на кристалот, се јавуваат осцилации со дефинираната фреквенција (8MHz), но амплитудата им е помала од Vdd, значи некаде околу 3V од едниот пин према маса и околу 3.8V од другиот пин кристалот према маса. Нормално е ова или...
. Заборавив да напоменам дека има кондензатори поставено од изводите на кристалот према маса со вредност од 33pF.