Author Topic: LC метар со PIC16F84A  (Read 6758 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5324
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
LC метар со PIC16F84A
« Opened on 01.11.2009, Sunday, 22:26:10 (Edited 06.12.2009, Sunday, 18:30:20) »
ЛЦ метар со PIC16F84A

Многу едноставен уред кој би требало повеќето од нас/ вас да го имаат во својата работилница.
Цел проект се базира на добро познатиот PIC16F84A микроконтролер од микрочип, и на LM311 напонскиот компаратор кој со помош на кондензаторот Ccal и на калмот L е генератор на фреквенција, која подоцна преку приклучениот калем/ кондензатор се менува. Оваа фреквенција се отчитува со помош на пикот кој ја преработува и ја дава на LCD дисплејот.
Значи точноста на целиод уред зависи директно од калемот L и кондензаторот Ccal, колку поточни ќе бидат овие два елементи толку по прецизен уред ќе имате. Кондензаторот Ccal од 1000pF гледајте да биде со поголем работен напон, бидејќи тие се со помало отстапување  :)
Можете да користите каков било LCD дисплеј од наведените
2x8, 1x16 или како во мојот случај 2x16
На самата плоча ( и во шемата ) има посебни џампери кој го одобруваат користењето на дисплеите од типот 2x8
Исто така има уште еден џампер кој не ми е сеуште познат и мене која функција ја има, ама најверојатно е дека со него може да се прикажува фреквенцијата при мерењето ( треба да се проба ).
Постои копче „ZERO“ со чија помош уредот се калибрира, ако сакаме да го калибрираме уредот да биде на нула при мерењето на кондензатори тогаш точките каде што се сместува кондензаторот реба да останат отворени. Ако сакаме да го калибрираме уредот при мерење на индуктивитет, тогаш точките каде што се става испитуваниот елемент треба да бидат кратко споени.
Исто така постои и копче BL кое служи доколку вашиот дисплеј има позадинско светло да го вклучите.

При изработка на уредот користете квалитетни елементи со точни вредности.
Пред да го стартовате во употреба проверете ги сите лемни споеви убаво поради можност од грешки ( не се вели за џабе два пати мери еднаш сечи ).
За интегралните кола пожелно е да се користи подножје.

Документацијата, шемата , готов изглед на печатената плоча и потребните .hex фајлови за програмирање на пикот можете да ги превземете од тука:
Code: [Select]
http://www.bruno.netstrefa.com.pl/radio/projekt/lcmeter/index.htmHex фајловите за програмирање на пикот може да се симнат директно од тука
Code: [Select]
http://sp7dqr.internetdsl.pl/downloads/lc_meter_zrodla.zipовие 2 фајла се на полски со тоа што едниот е малку не стабилен ќе варира цело време, се разбира ќе ја добиете точната вредност но 2те последни цифри ќе се менуваат нонстоп.
Стабилна верзија од ова има во VIP делот, исто така за некое време ќе биде доставена и пробна македонска верзија која исто така ќе биде во VIP делот.

Резултати од мерењата
Кондензатори
1. блок кондензатор 220nF-- резултат =220.7nF
2. блокче од 150nF 10% -- резултат 166.2nF
3. керамички од 100nF --- резултат 95.54nF
4. хартиен кондензатор (ехаха стар) од 10nF 10% --- резултат 9.6nF
5. керамички од 6pF --резултат 5.6pF
6. некој непознат ( нема ништо на него црвен е по боја ) -- 130nF

Калеми

1. калем од 50mH-- резултат 50.12mH
2. калем од100uH -- резултат 94.01uH
3. калем од 145uH -- резултат 145.7uH
4. некоја жица намотана  ;D -- резултат 21.4uH

Некоја слика од готовиот уред

 

 

На последната слика десно се гледа пораката „ Over Range“  таа се појавува при мерење на индуктиност ако местата за испитување на елементот се отворени, а кај капацитивност ако се кратко споени.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: LC метар со PIC16F84A
« Reply #1 on 06.12.2009, Sunday, 01:34:30 »
ова може да се користи и за регулација на омажата кај дипол антена :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: LC метар со PIC16F84A
« Reply #2 on 06.12.2009, Sunday, 16:40:06 »
Хаха, не :) за тоа ти треба Antenna Analyzer или барем VF Винстонов мост.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5324
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
како што кажува името
ова е од темата
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=154.0

значи се работи за кодот за програмирање на пикот
во таа тема е на полски
а тука можете да го најдете преведен на македонски  ;D
Едно големо ФАЛА на Борче кој ми помогна околу средувањето

п.с има еден мал баг, остануваат 2 цифри цело време и то пишува eg цело време но во скоро ќе биде поправено и тоа и ќе го добиете и новиот фајл.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5324
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Стабилен код, без осцилации на цифрите со убава прецизност, мене ми проработи од прва без никакви проблеми
hex кодот го има во атачмент
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline SKOLS

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2783
  • Gender: Male
Одг: LC метар со PIC16F84A
« Reply #5 on 15.08.2010, Sunday, 13:23:35 »
Ваков  ЛЦ метар направив во прва година!!!Тој од Емитер!!!и добро работи но сакам и овој да го правам со 1*16 ЛЦД дисплеј!!

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Одг: LC метар со PIC16F84A
« Reply #6 on 15.08.2010, Sunday, 18:22:52 »
Браво за сработеното, многу корисен а едноставен инструмент. И јас планирам да правам за брзо...

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5324
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: LC метар со PIC16F84A
« Reply #7 on 15.08.2010, Sunday, 18:42:50 »
море ако имаш шо ќе ти е уште еден :)
корисен само што не можам да го работам, му го извадив дисплејот и така стое сега не можам да го користам :(
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Одг: LC метар со PIC16F84A
« Reply #8 on 15.08.2010, Sunday, 18:59:44 »
Зошто му го извади?  ;D Kaј го смести сега?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5324
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: LC метар со PIC16F84A
« Reply #9 on 15.08.2010, Sunday, 19:00:27 »
незнам ми требаше нешто со паралелниот порт си играв
и сега така стое :)
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Одг: LC метар со PIC16F84A
« Reply #10 on 16.10.2010, Saturday, 14:21:37 »
Го изработив инструментов, работи само не знам да го калибрирам. Прво џамперите како што кажа Devil LK2 е за да се подеси каков LCD користиш a LK1 немам врска зошто е.
1. Кога LK1 e споено покажува некој бројки 00000000, 00000001 (на подрачје L) и 00062102 и постојано се менува со приближни вредности (на подрачје C).
2. Kога LK1 не е споено и инструментот поставен на подрачје за капацитивност покажува C = XXX nF/pF и вредноста постојано се менува, кога изводите за мерење ке се спојат покажува -838.8 nF. Кога е наместено на подрачје за индуктивност пишува Nadvor od opseg а кога ќе се спојад изводите за мерење ке се спојат L = 0.00 uH.
Се е измешно... Копчето Zero не знам зошто служи... помош  ???

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5324
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: LC метар со PIC16F84A
« Reply #11 on 16.10.2010, Saturday, 16:58:23 »
епа тоа копче зеро е за калибрација
тие џамперите не ти користат, тоа се само за одбирање каков дисплеј имаш ..
 тоа македонската пробна верзија не ја користи
евети една постабилна
Code: [Select]
http://hotfile.com/dl/76390070/b04685b/LC_METER.HEX.html
јас ова го користам и супер е
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12870
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: LC метар со PIC16F84A
« Reply #12 on 16.10.2010, Saturday, 17:58:28 »
Еве го и на форумов upload-иран .hex фајлот, дека е мал, а на hotfile можно е и да го избришат ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline SKOLS

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2783
  • Gender: Male
Одг: LC метар со PIC16F84A
« Reply #13 on 16.10.2010, Saturday, 19:00:38 »
sakam da izrabotam SMD  verzija od LC metarov!!Da ne saka nekoj. plocki za istiot!?
Pisyvam od  mobilen nemam mak podrska

Offline Georgi

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 353
  • Gender: Male
Одг: LC метар со PIC16F84A
« Reply #14 on 16.10.2010, Saturday, 19:33:48 »
Фала Devil но пробав и со оваа програма, исто е.  :( До што може да биде?