Електронски уреди > Компјутери и галантерија

SMD power switch - за УСБ порти на лаптоп

(1/1)

MKD-Boy:
Дечки, на лаптопот, ги зезнав УСБ портите, со неисправно кабле.
Е сега, детално го проверив и видов дека изгорел свичот.

Имам неколку матични од лаптопи, ама го нема истиот свич.
Дали знаете некој заменски и каде можам да најдам овде кај нас!?
Инаку во прилог прикачувам принтскрин, од шемата на која се наоѓа свичот (и го пишува неговото име)
Благодарам однапред.

GigaWatt:
RTxxxx... претпоставувам чип на Richtek. Само од AliExpress/eBay... не верувам дека на друго место ќе најдеш :-\. Не би требало да се скапи, ама додека дојде... знам, зезнато е :-\. А и не само тоа, практично не смее да се зезне ништо од софтвер на лаптопот, т.е. не смееш да реинсталираш додека не го средиш проблемот со USB портите.

Буквално ниедна порта не работи? Нема барем една која е врзана директно за PCH-то? Ако ниедна не работи, како привремено решение, барем за префрлување на фајлови, може да направиш SMB share и преку мрежа и друго PC/лаптоп да префрлуваш фајлови преку USB. Прилично споро ќе оди, максимум неколку MB во секунда, но сепак, какво такво, привремено решение е...

Евентуално, може bypass на целото коло да направиш, со што ќе изгубиш over-voltage/over-current заштита. Според прикачената шема, би требало цело време да „мисли“ дека се е ОК, т.е. дека што и да приклучиш дека е се супер, дури и ако влече 3, 4A на портот. Притоа, ќе напоменам дека со ваква модификација, може да го изгориш цел лаптоп ако случајно приклучиш нешто неисправно на USB портот.

MKD-Boy:
2 жички од 1 и 5 на УСБ дирек на + од УСБ портите!?

Инаку 2усб порти се, една до друга и не работат.

Башка, пробав да ставам од друг лаптоп свич, ама не функционира :) ми покажува некоја мала волтажа на УСБ портите.

П.с на другите ,,контакти" од кога ке го извадам свичот што да им правам?

GigaWatt:

--- Quote from: MKD-Boy on 26.11.2021, Friday, 13:57:23 ---2 жички од 1 и 5 на УСБ дирек на + од УСБ портите!?
--- End quote ---

Не директ на USB, на пиновите 6, 7 и 8 од чипот. Има по него EMI филтер колку што можам да видам, тоа треба да остане така, тоа е исто така заштита од шум и пречки да не стигнат до и дојдат од USB портите. Ако и EMI секцијата е изгорена, да, рипни ја. Добро е да ја има, ама ако нема... је*ига, што нема, ни цар не јаде ;D.


--- Quote from: MKD-Boy on 26.11.2021, Friday, 13:57:23 ---Башка, пробав да ставам од друг лаптоп свич, ама не функционира :) ми покажува некоја мала волтажа на УСБ портите.
--- End quote ---

Не е switch, over-voltage/over-current заштита е. Да не случајно некој уред поврзан на USB врати назад кон лаптопот напон повисок од 5V, да не случајно уредот повлече повеќе од 2, 3А од самиот лаптоп (бидејќи и USB секцијата си има свое напојување и контрола на самиот лаптоп, не смее да се преоптовари напојувањето за USB портите), итн.

Добро... да... да бидам искрен сега кога малку подобро размислив, еден вид на условен прекинувач е :P :D. Ми се вртеше во глава switch во смисол на hub, како умножувач, како switch за Ethernet, затоа изгледа не ти ја сватив логиката зад терминот switch :P :D.

Ако е друг чипот, најверојатно нема да работи. Можно е да има друг распоред на пинови, да не е адекватна логиката за Enable/Disable, Flag, итн. Ако навистина ги има истите функции, само распоредот на пиновите е друг, тоа се корегира релативно лесно ;).


--- Quote from: MKD-Boy on 26.11.2021, Friday, 13:57:23 ---П.с на другите ,,контакти" од кога ке го извадам свичот што да им правам?
--- End quote ---

Види ја сликата. Јас ги обележав пин 2 и 8, ама практично, ги врзуваш пиновите 2 и 3 со пиновите 6, 7 и 8 (извини, претходно имам направено грешка, пин 1 е GND, 2 и 3 се Vcc, +5V). Ова е стандардна пракса кај power devices (како што е чипов) кои се во мали пакувања (SMD), повеќе пинови се користат за иста работа за да може да издржат повеќе струја низ чипот. Практично, остануваат само пиновите1, 5 и 6 како „неискористени“. Пин 1 е GND, тој не ни треба во конкретниов случај за ништо, останува да виси (да не биде врзан за ништо). Пин 5 е Enable (го пушта чипот во работа) и е влезен пин (добива команда преку него чипот), но бидејќи немаме чип... не не интересира што добива како команда на тој пин :P :D. Пин 6 е Flag. Преку тој пин чипот дава команда дека настанало преоптоварување на +5V линијата до некој друг периферен чип (PCH-то претпоставувам) и потоа тој чип (најчесто) дава команда за инстантно гасење на лаптопот (power off како да си го изгасил од струја и си му извадил батерија). Правата линија над FLG означува дека станува збор за излез со инверзна логика (нормална логика: се е ОК, нема преоптоварување --> 0V на излез од FLG, има преоптоварување --> +5V на излез од FLG; инверзна логика: се е ОК, нема преоптоварување --> +5V на излез од FLG, има преоптоварување --> 0V на излез од FLG) и затоа го врзуваме за +5V, за да наредниот чип/контролер во ланецот на заштитата мисли дека се е ОК, дека чипот е тука и работи и дека нема преоптоварување на +5V rail-от од USB портите на лаптопот. Ако му донесеш GND (0V), најверојатно нема да се пушти во работа лаптопот. Исто и ако го оставиш да „виси“ (да не го врзеш со ништо).

Не е лошо наместо директно да се врзува за пин 8 (односно 1), меѓу пин 5 и 8 да стои едно отпорниче од 1K/0.25W. Вредноста на е критична, може било која од 1K до 10K... па и 47K или 100K ако е, не би требало да прави проблем. Прво пробај да видиш дали ќе се пушти во работа лаптопот според шемата која ја прикачив, ако работи, извади го краткоспојникот и стави отпорниче наместо него ;).

MKD-Boy:
Ќе пробам денеска, па ке видам што ке направам.

Navigation

[0] Message Index

Go to full version