Аналогна електроника > Напојувања

Полнење на акумулатор од детска кола

<< < (2/3) > >>

GigaWatt:
Со класично трафо, ако го врзеш директно за акумулаторот, да, најверојатно нема да изгори... мада зависи колку е наддимензионирано, колкава реална (континуирана) струја може да даде на излез, но факт, и да е поддимензионирано, може да поднесе струјни шокови до определена граница.

Со SMPS... ако го врзеш директно за празен акумулатор без контрола за полнење... најверојатно ќе изгори... треба да е ATX 1000W па нагоре (real power), па да не изгори во моментот кога го приклучуваш.

Отвори го полначот, види што излезна диода има. Обично се поддимензионирани или на граница. Колку што дава излезната диода, толку максимум ќе добиеш, т.е. ако оптовариш над тоа (дури и пола ампер кај Кинескиве диоди), ќе добиеш изгорен полнач/адаптер.Може за нијанса да ја кренеш максималната излезна струја со менување на излезната диода, ама тоа не зачи дека нема да изгори нешто во примарот... обично овие полначи се димензионирани на граница, односно за дигитални уреди кои влечат скоро константна јачина струја (немаат стартен момент како што имаат мотори или акумулатори) и им е потребен константен напон. Сите останати уреди, во денешно време се маргинализирани и... тоа е тоа... :-\... или ќе треба да потрошиш некоја далеку поголема сума за класичен адаптер (со класично трафо), едно од тие две.

krema:
Јас си купив ваков полнач, секако имам и препорака за него. :)
Единствена замерка ми е тоа што има кратки кабли (китајска работа), но си ја врши одлично работата.


--- Code: ---https://www.aliexpress.com/item/1005001948063520.html
--- End code ---

MKD-Boy:
А што би било..
Од стариот полнач за колата, да ја извадам електрониката од внатре, и да ја прелемам на новиов полнач, секако со некои измени внатре?
Пошо и оригиналниот полнач е сличен како овај адаптерот ..
Edit: Не се исто изведени :) ..

bicikle:
И што ќе добиеш ?:D

GigaWatt:
И мене не ми е јасно што ќе добие ;D.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version