Електронски уреди > Компјутери и галантерија

Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети

<< < (4/4)

bicikle:
Најверојатно има симетрично напојување, 24,0,-24, што и не ти менува нешо во однос на купување акумулатори. Пошто акумулаториве се кроиста да речиме еднаш годишно, не мора да се баш по пропис. Што значи тоа. За вакви работи се користат стационарни акумулатори, предвидени за долготрајна употреба со мали струи, односно оние за кола се предвидени да работат кратко со виски амперажи. Да купуваш нови стационарки акумулатори, ќе дајш 300 еу или повеќе за 10 пати што ќе ги искористиш, а малите акумулатори се скапи( тија за коли), поефтино ќе те фати да купиш 4х55 ампера него 4х12ах, или исто во цена, а со првиве поќе ќе завршиш работа. Е сега, пошто ти требаат 10-15 тина ампера, барај на старо акумулатори на кило, оти за на кола нема да ги бива, пошто нема да дадат потребните 60-70 А, ама тебе не ти ни требаат, но по 10-15 ампери ќе дат уште 10-тина пати, а пошто ќе бидат постојано на полнење, зголемениот ефект на самопразнење ќе биде занемарен т.е. наместо да имаат 45aH, ќе имаат ефективно 35аH, но ти ќе ги земиш на кило, а ќе ти бркаат работа. Втора опција ти е, некој гледаше на бувљак акумулатори за упс ( стационарни), нови, но беа по 10-15 ah, и реално не можеш да влечиш поголеми струи од 5А, пошто се млаи, мораш да врзиш 2-3 паралелно, па 4 сериски, што е... околу 150 евра, односно многу. Е сега со оваа опција следните 5 год си раат, а со акумулаторите на старо, реално може некад да те изненадат, ама ќе гу купиш за 2-3000 денара. 

Инаку старт-стоп, не ти требаарт, ти ќе ги полниш 364 дена и 10 саати, а ете некои 14 саати цела година нека нема струја. Можда поефтино ќе те фати некое агрегатче, односно ја би играл на варијанта 1kw упс што работи на 12 в и неколку стари акумулатори, купени на кило, од кои ( ако не сакаш да ти прават гужва ) 3 да ти се на некој друг полнач некаде на страна, а еден на упс, како би праел комбинации во случај на пад на струја.
Ама ако не ти е на парно, зш не си земиш некоја алтернативна опција како ќумбе? 

GigaWatt:

--- Quote from: Steff_92 on 12.11.2021, Friday, 23:13:38 ---Дали ова значи дека некако УПС-от ја распределува работата за батериите во 2 линии со посебни транзистори или?
--- End quote ---

Или тоа, или едната линија е за празнење, другата за полнење... или комбинација и од двете... дур не се изанализира детално, не може да се каже која од овие комбинации е.

А за остатокот, послушај го bicikle, нови не ти требаат... нема поента, за џабе фрлена пара е. Купи си на старо ;)... само да немаат краток спој во некоја од ќелиите, само тоа гледај, остатокот (капацитет) може да се корегира (а и не мора ;)).

Navigation

[0] Message Index

[*] Previous page

Go to full version