Електронски уреди > Компјутери и галантерија

Компјутерски UPS пренаменет за печка на пелети

(1/4) > >>

Steff_92:
Здраво на сите.
Имам земено обичен UPS наменет за ИТ опрема, но го користам на печка на пелети (обична дувалка, не е парно систем).
УПС-от е Mediacom M-UPS-1300M кој што по спецификации е 720w, додека печката е максимум 420w. Главниот услов е исполнет. Сега сакам да го преработам, односно да го направам со можност за конекција на автомобилски акумулатор, за во случај кога треба да работи печката повеќе часови без електрична енергија. На пример сега со интегрираната батерија (која што не знам точно колку е, дали 7 или 9Ah) држи околу половина час.

Идејата и консултација за која што барам е, да извадам жици со штипки на кој што ќе може да се приклучи акумулатор (паралелно поврзан со интегрираната батерија).

Прво сценарио: Акумулаторот е наполнет со полнач за акумулатори и воопшто не е приклучен во момент на УПС-от. Снемува електрична енергија и се активира УПС-от со интегрираната батерија. Имам половина час време да го донесам полниот акумулатор и да го поврзам на ново додадените штипки. Работата не печката си останува непрекината.

Второ сценарио: Акумулаторот е наполнет со полнач за акумулатори и потоа поврзан на ново додадените штипки. УПС-от со неговото константно работење ќе го оддржува во full фаза, а доколку снема електрична енергија, со преминот на батерија, ќе си ги користи взаемно интегрираната батерија и акумулаторот. Работата на печката си останува непрекината. По потрошување на акумулаторот, ќе го тргнам од УПС и ќе го наполнам на полнач за акумулатори.

Со ваков начин мислам дека нема да има оптеретување на УПС-от за полнење на акумулатор од 0 (големина на акумулатор 55-75Ah), а од друга страна пак нема да има ниту проблем да го троши односно користи акумулаторот. Сметам дека УПС-от нема толкав систем кој што ќе ја препознава големината на акумулаторот па да му прави проблем, туку тој само зема 12v, преку инвертер си качува на 220v и се додека има соодветен напон и струја од батеријата, тој ќе си работи.

ace1903:
Првото сценарио ти е лошо. Паралелна врска на акумулатори со различен капацитет и различен напон не е дозволена. Да речеме дека за тие 10 минути додека го поврзеш вториот акумулатор, првиот се испразнил до 12 волти. Кога на него ќе поврзеш паралелно акумулатор со 13.5волти и 55 ампер часови првиот ќе се полни со многу висока струја и може да се оштети.
Сум користел УПС само со надворешен акумулатор од автомобил и немало проблем. Генерално УПСите ги полнат акумулаторите до 15в(пошто акумулаторите се од СЛА тип) а во кола најчесто напонот иде до 14в. Овој волт вишок мислам дека не прави проблем.
Проблем ми правело тоа што УПСите имаат минимум потрошувачка и ако товарот е под тоа се исклучуваат. Знае да биде незгодно ако печката ти е со термостат па ако еднаш се исклучи повторно нема да се вклучи.
Моќноста на УПС ите е специфицирана за тие 30мин. Доколку ги користиш со поголем акумулатор се намалува. Финта на кинезите кои ги под-димензионираат ладилниците на транзисторите, па постепено да се загреваат и за 30мин постигаат максимална температура кога и онака батеријата ќе се испразни и системот ќе се исклучи.
УПСов што го имаш вика дека е 1300VA што ми е некако многу оптимистички. Печката ти е 420вати ама веројатно индуктивен товар па тоа е многу повеќе VA.
Зависно од моторот можеби и нема да може да тргне. На старт моторот повлекува голема струја и може струјната заштита во упс от превентивно да исклучи.
Мој совет ти е додека не фатиле студови и рестрикции да пробаш со оригиналниот акумулатор дали воопшто можеш да ја користиш печката потоа да рамислуваш за преправки.

Steff_92:

--- Quote from: ace1903 on 01.11.2021, Monday, 22:41:37 ---Првото сценарио ти е лошо. Паралелна врска на акумулатори со различен капацитет и различен напон не е дозволена. Да речеме дека за тие 10 минути додека го поврзеш вториот акумулатор, првиот се испразнил до 12 волти. Кога на него ќе поврзеш паралелно акумулатор со 13.5волти и 55 ампер часови првиот ќе се полни со многу висока струја и може да се оштети.

--- End quote ---

Сето ова потекнува од проблемот со простор во дневна соба, а малку и изгледот околу неа. Не сакам да ми стои акумулатор нон стоп до печката, единствено нели во морални услови. Но од друга страна кога инцидентно ќе снема ел. енергија, интерната батерија е доволна да ја оддржи функционалноста на печката.

За првото сценарио не го размислив дека батеријата ќе почне да се полни и забелешката е на место.
Сега ова ми дојде идеја да го решам со On/Off switch која батерија/акумулатор да е активна. Преминиот од неколку секунди од една на друга, односно активност на двете во исто време не верувам дека ќе биде проблем.


--- Quote from: ace1903 on 01.11.2021, Monday, 22:41:37 ---Сум користел УПС само со надворешен акумулатор од автомобил и немало проблем. Генерално УПСите ги полнат акумулаторите до 15в(пошто акумулаторите се од СЛА тип) а во кола најчесто напонот иде до 14в. Овој волт вишок мислам дека не прави проблем.
Проблем ми правело тоа што УПСите имаат минимум потрошувачка и ако товарот е под тоа се исклучуваат. Знае да биде незгодно ако печката ти е со термостат па ако еднаш се исклучи повторно нема да се вклучи.

--- End quote ---

За минимум потрошувачка не било така со ниту еден UPS што сум користел, а еве го пробав и на овој. Можеш слободно телефон да си полниш.


--- Quote from: ace1903 on 01.11.2021, Monday, 22:41:37 ---Моќноста на УПС ите е специфицирана за тие 30мин. Доколку ги користиш со поголем акумулатор се намалува. Финта на кинезите кои ги под-димензионираат ладилниците на транзисторите, па постепено да се загреваат и за 30мин постигаат максимална температура кога и онака батеријата ќе се испразни и системот ќе се исклучи.

--- End quote ---

Сфаќам дека ова UPS не е никаков посебен бренд, но со ова сакаш да кажеш дека тие всушност не се дизајнирани за подолга работа на батерија?


--- Quote from: ace1903 on 01.11.2021, Monday, 22:41:37 ---УПСов што го имаш вика дека е 1300VA што ми е некако многу оптимистички. Печката ти е 420вати ама веројатно индуктивен товар па тоа е многу повеќе VA.
Зависно од моторот можеби и нема да може да тргне. На старт моторот повлекува голема струја и може струјната заштита во упс от превентивно да исклучи.
Мој совет ти е додека не фатиле студови и рестрикции да пробаш со оригиналниот акумулатор дали воопшто можеш да ја користиш печката потоа да рамислуваш за преправки.

--- End quote ---

Досега стартување на печка не сум тестирал, ќе го пробам утре одма.
Тестирав активна печка на минимум (толку ми е всушност потребата од топлина), држи 30 мин, пробав гасење на печка, која што има активност на вентилатор и траење од 15 минути, издржа до крај и остана уште батерија.
Не сум толку стручен и не знам да определам индуктивен товар, инаку ватажата ја прочитав од техничките спецификации. Моделот е Afla Plam Luca.

GigaWatt:

--- Quote from: ace1903 on 01.11.2021, Monday, 22:41:37 ---Овој волт вишок мислам дека не прави проблем.
--- End quote ---

Не е страшно, ама... не е лошо некој моќен грец да се стави во серија со + или - (за да пушта и во двете насоки, полнење и празнење)... а може и два, зависи колкав пад на напон сакаш да направиш ;).


--- Quote from: ace1903 on 01.11.2021, Monday, 22:41:37 ---Проблем ми правело тоа што УПСите имаат минимум потрошувачка и ако товарот е под тоа се исклучуваат. Знае да биде незгодно ако печката ти е со термостат па ако еднаш се исклучи повторно нема да се вклучи.
--- End quote ---

Зависи од UPS до UPS, не сите имаат ваква детекција. Обично поевтините, немаат.


--- Quote from: ace1903 on 01.11.2021, Monday, 22:41:37 ---Моќноста на УПС ите е специфицирана за тие 30мин. Доколку ги користиш со поголем акумулатор се намалува. Финта на кинезите кои ги под-димензионираат ладилниците на транзисторите, па постепено да се загреваат и за 30мин постигаат максимална температура кога и онака батеријата ќе се испразни и системот ќе се исклучи.
--- End quote ---

Ова лесно се решава со дополнителен кулер, имам правено вакви модификации.


--- Quote from: ace1903 on 01.11.2021, Monday, 22:41:37 ---Зависно од моторот можеби и нема да може да тргне. На старт моторот повлекува голема струја и може струјната заштита во упс от превентивно да исклучи.
--- End quote ---

Е да, ова е можно... не се дизајнирани за големи флуктуации во потрошувачката, пред се поради начинот на кој работат (новите се исклучиво SMPS со обликување на синусоидата, кај старите, каде што се користеше класично трафо, полесно беше да се изгаси заштитата, кај новиве, немам пробувано).


--- Quote from: Steff_92 on 01.11.2021, Monday, 23:06:19 ---Преминиот од неколку секунди од една на друга, односно активност на двете во исто време не верувам дека ќе биде проблем.
--- End quote ---

Па... зависи колку е едната празна а другата полна... не дека се случува често, ама и пробив поради ненадеен наплив на енегрија, не е невозможно сценарио.


--- Quote from: Steff_92 on 01.11.2021, Monday, 23:06:19 ---За минимум потрошувачка не било така со ниту еден UPS што сум користел, а еве го пробав и на овој. Можеш слободно телефон да си полниш.
--- End quote ---

Изгледа од поевтините е ;). Не дека значи ова нешто, нема некои контроли и дополнителни функции кои ги имаат поскапите ;).


--- Quote from: Steff_92 on 01.11.2021, Monday, 23:06:19 ---Сфаќам дека ова UPS не е никаков посебен бренд, но со ова сакаш да кажеш дека тие всушност не се дизајнирани за подолга работа на батерија?
--- End quote ---

Да, во повеќето случаи така е. Ладилните тела им се поддимензионирани, плус се е тоа затворено во една кутија, доста често без некои големи дупки за ладење (или никакви дупки... зависи од UPS до UPS). Но, како што веќе реков, се додава кулер кој се активира кога ќе снема струја (во исто време кога и се активираат батериите) и тој ги лади потоа транзисторите/MOSFET-ите ;).

bicikle:
Стај еден 55Ah акумулатор и терај така, за да врзуваш паралелно треба да се идентични или да имаат коло за менаџирање на акумулаторите. И вентилатор.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version