Електронски уреди > Бела техника

Непознат мотор - како да го испитам?

<< < (2/2)

LordZi:
Нема никаква електроника, само еден чисто механички тајмер, дали внатре има некои контакти или реле што менува смер не можам да видам.
Пресекот на намотките и отпорноста се идентични и на двете, ама реков дека е премотуван моторот и тоа како што ми изгледа доста аматерски, има внатре обична хартиена креп трака како изолација. Изводите ги гледате на сликите, нема ни да ги коментирам.
Ќе го поврзам за проба како што ми напишавте, преку заштитна сијалица се разбира, па ќе пишам резултат...

LordZi:
Ви благодарам на сите, го поврзав како што напишавте и работи, и во двата смера. Од тајмерот излегуваат три жици, една доводна и две излезни и дури сега откако пишавте обратив внимание и забележав дека има внатре некој преклопник или што и да е, штрака на секои десетина секунди и наизменично ги менува излезите за промена на смерот на вртење, така да дефинитивно бил на овој начин поврзан и фабрички.
Сега останува да ја склопам и поврзам па да видиме како ќе работи in vivo... :)

GigaWatt:

--- Quote from: LordZi on 26.10.2021, Tuesday, 15:28:01 ---Како да го поврзам за да го пробам, дали на било која може да се врзе кондензаторот, пошто е исти...?
--- End quote ---

Пробај врзи на еден начин, види како ќе работи, исклучи по 2, 3 секунди (ако не почне да врти, се разбира, вендаш гаси :P :D), врзи на друг начин, види како ќе работи тогаш. Како подобро работи, така остави :D.

И го гледам моторот... нешто појак од мотор на вентилатор е, ама не многу :P :D. Би изанализирал колку грее, ако многу грее, не е лошо да му се стави и некој кулер за ладење :P :D. А и кондензаторот, ептен е од оние евтинине петпарачни, смени го со некој од неонка или нешто така ;).

EDIT: А, си средил работа, ОК :).


--- Quote from: ace1903 on 26.10.2021, Tuesday, 18:00:49 ---Има некое упатство за ставање слики инлине?
--- End quote ---

На форумов?

LordZi:
Моторот е монтиран и работи, до кога ќе видиме... ;D
Иначе поврзувањето е баш така како што пишавте, едните краеви од намотките врзани заедно, па на нулата, кондензаторот помеѓу другите два краја, фазата на едниот од нив, по потреба. Менувањето на насоката се врши во самиот тајмер, чисто механички, фазата влегува во него и излегува преку едниот излез (NC) и моторот врти во една насока 5-6 секунди, потоа се исклучува комплетно неколку секунди за да успори и застане, па се преспојува преку другиот излез (NO) и почнува да врти во друга насока, и така во круг додека не истече времето.
Благодарност уште еднаш до сите што се вклучија и помогнаа.

Navigation

[0] Message Index

[*] Previous page

Go to full version