Електронски уреди > Бела техника

Проблем со мотор од машина за перење садови

<< < (2/15) > >>

bicikle:
ами моторот никако не вртит изгледа...

GigaWatt:
Не не, врти, ама само ако го бутнеш со рака :P :D.

MKD-Boy:
Ако го уклучам без кондензаторот, воопшто не дава сигнал(не ни бучи).
Е сега кога го уклучувам со кондензаторот, моторот зуе,бучи... Не тргнува! Кога ке го свртам посилно со рака тргнува и си работи (мислам дека со максимална брзина) и грее онака стандард млако..

GigaWatt:
Хм... или имаат измислено некој нов начин на врзување на стартна намотка, или тој кондензатор не е за старт, едно од тие две ќе да е ;D.

А фотографираше ли пред да одврзеш се, како е се тоа врзано? Исто го врза, 100% ???... бидејќи ова мене некако ми е сомнително... кондензаторот се врзува паралено на двете жици за напојување на моторот (единствени се, нема други, барем така разбрав), ако го нема, воопшто не дава знаци на живот, ако го има, бучи, ама не тргнува...

Ако е ова навистина вака, т.е. нема апсолутно никаква грешка во врзувањето и (ако некој знае зошто, нека каже) има кондензатор во колото кој „као демек“ не е ни стартен, ни кондезатор за компензација на агол меѓу напон и струја, ама без него, моторот е мртов (што... барем мене, не ми прави никаква логика), тогаш најверојатно, кој и да е производителот на таа машина за перење садови, успеал да направи комплетно нов начин за стартување на мотор со стартна намотка, без притоа да го користи дополнителниот вод за стартната намотка. Зошто ова би го направил некој, со оглед на тоа дека и не е некоја заштеда една жила, плус или минус, на толкава машина (на уред со цена од 200, 300 евра па нагоре, ова и не е некаква кој знае каква заштеда... за SPMS напојување за PC од 500 денари, да, апсолутно дека е), не би знаел да одговорам.

Јас сеуште типувам на тоа дека не е како што треба врзан моторот... дали е така, ќе видиме. Ако може барем слики, па да направиме некоја (колку-толку) поадекватна анализа. Немаат за џабе кажано, една слика, 1000 зборови ;).

LordZi:
Дали измери капацитет на кондензаторот, дали е во декларираните граници?

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version