Електронски уреди > Бела техника

Проблем со мотор од машина за перење садови

(1/15) > >>

MKD-Boy:
Здраво на сите,
Вака имам Горење машина за садови, е сега незнам што и како бидна, имаше внатре пукнато цефче, последниот пат кога ја пуштив истече вода и тн... Неколку дена не беше пуштена доволно за да зарѓа моторот внатре.
Го отворив го исчистив го средив, го собрав и не сака да тргни сам, (додека не го турнам со рака).
Кондензаторот како што го мерев е во ред 9уФ +/-5% .. на инструмент излага околу 8.5уф.
Чаре некое што би можело да биде со моторот (а и важно од кога ке го свртам ... Ке си тргне и НЕ ГРЕЕЕ премногу туку баш она нормално.

GigaWatt:
Да не не ти е врзан правилно? Да не си го згрешил врзувањето :P :D. Или евентуално, да не нема изгубено контакт меѓу клемата за стартната намотка и жилата за која се врзува таа клема, во самиот мотор... се е можно :D.

MKD-Boy:
Како што проверив, е океј, пошо 2 жички излегуваат од моторот и на нив врзуваш Кондензатор. И башка има 4 клеми од кој на (power) 2 клеми врзуваш кабле и во штекер :) Ама нече (проверен е и со инструмент) ..

bicikle:
Значи, намотките се ок, кондензаторот ок, спојките ок, струја идит и не  стартува ? Мене пак ми личи дека помошната намотка е, ако разбрав добро

GigaWatt:

--- Quote from: MKD-Boy on 08.10.2021, Friday, 21:03:40 ---Како што проверив, е океј, пошо 2 жички излегуваат од моторот и на нив врзуваш Кондензатор.
--- End quote ---

Значи кондензаторот не е за старт туку за аголна UI компензација ;).

А да го врзеш без конденатор, почнува сам да врти така? Тој и онака е само за компензација, може и без него да работи, ама пожелно е да го има ;).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version