Електронски уреди > Аудио опрема

Проблем со Quadro HT-500

(1/2) > >>

dela:
Проблемот е во тоа што излезните транзистори за вуферот греат за 3 секунди (не се чепкаат)
Беше изгорен излезот за вуферот
Стандардна промена на излезни,побудни, зенерки, отпорници изгорени, кондензатори,....
транзисторите беа комплет испукани па ги редев по шема од elektrotanya.com
Можно ли е да шемата не е во ред па да се обележани некои транзистори обратно ( Q608-C2073, Q609-A940, Q610-A1943, Q611-C5200 )
Дали може некој колега ако ја има плочата да провери

Благодарам однапред

Devil:
Убаво би било да ја прикачиш шемата, а и некоја слика од шемата со елементите кои веќе ги имаш заменето со нови

GigaWatt:
Или евентуално линк до шемата на elektrotanya...

dela:
Еве ја шемата
Сите делови ми се заменети со нови по шемата

GigaWatt:
Хм... а да провериш каков е распоредот на пиновите на оние транзистори со кои си ги заменил оригиналните ???... бидејќи нема да ме чуди Кинезиве да направиле некоја намерна/ненамерна грешка во распоредот на пиновите... или евентуално од фабрика се „рокнати“ (неисправни) новиве, и тоа не е исклучено како опција :-\.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version