Останато > Мерна опрема

Совет за дигитален мултиметар

(1/1)

meraba:
Ми треба совет од каде (локација во Скопје) и каков тип на дигитален мултиметар да земам. Неодамна почнав да се бавам со електроника така да немам искуство.

LordZi:
Ако си почетник би ти препорачал некој поефтин како за почеток, па како ќе напредуваш ќе видиш какви ќе ти бидат потребите и ќе купиш нешто подобро. Најголем избор мултимери има во Логинг, мада таму се и најскапи. Можеш да провериш што има во понуда и кај Гац и во БТ.
Ако ме прашаш мене, јас би си земал мултиметар од пазар за неколку стотки, мислам имаше некои DTххх копии, сосема солидни за почетници, ги има сите основни работи, отпор, напон, струја, базер, дури мислам и капацитет, фреквенција итн., а понатаму кога ќе го „надраснеш“ ќе си земеш некој поубав.
Ако не ти се брза, може и да си нарачаш од ибеј/али експрес...

meraba:
Јас освен Логинг незнам друга продавница за електроника. Имам некој буџет од 1000-1500 денари. Бтв кај се наоѓаат Гац и БТ?

LordZi:
Гац е во Т.Ц.Скопјанка во подземниот пролаз, БТ е карши Олимписки базен.

GigaWatt:
БТ е карши Олимписки базен, во куќите кај автобуската станица. ГАЦ е во подземниот премин во Скопјанка (делот после новата железничка станица, пред да почне Аеродром... Мичурин мислам дека се вика тој дел ;)).

Navigation

[0] Message Index

Go to full version