Електронски уреди > Бела техника

Проблем со сушара за алишта Zanussi ZTE 270

<< < (2/4) > >>

warningteam:
 На ист начин и јас се посомневав дека е релето т.е едно од нив имав  во залиха исти и ги сменив сите  4 релиња со нови и повторно исто ,  напонот до релето е 93 волти, и сеа што е ново ерор Е 54 не престана  сменет е и кондензаторот на моторот од 8мф  450 в , меѓутоа од време на време  тој ерор го снемува машината почнува да врти  да си работи проверени се сите кабли што се, прелемени сите делчиња  на плочата да не има случајно некој ладен лем ,контактите каде се поврзува се калаисани да не е до контакт сите свичови ги проверив се е океј  меѓутоа од време на време добива 220 волти до релето  и се си работи а по одредено време откако ке се исклучи од струја  и пак да се вклучи не работи..  а до релето струјата доаѓа преку триак t43570   но има и едно мало трафо  кое дава на излез 93 волти па сеа незнам и неможам да најдам дали напонот е нормален  од 93 волти дали треба таков напон да дава  или пак трафото е зезнато  па одреден период дава напон одреден не.  Инаку ознаката на трафото е 717232-51

Devil:
Тоа е свичинг трансформатор, нема да дознаеш баш така кој напон треба да го има, побарај да не успееш да најдиш негде service manual.
Јас би ги прелемил и сите vias-и, често знаат да кородираат и да има лош спој измеѓу двете страни од плочата.

warningteam:
Денес ќе пробам и виас ите да ги прелемам сите па ќе пишам што  и како ќе биде.

GigaWatt:

--- Quote from: warningteam on 06.12.2020, Sunday, 23:47:27 ---... а до релето струјата доаѓа преку триак t43570   но има и едно мало трафо  кое дава на излез 93 волти па сеа незнам и неможам да најдам дали напонот е нормален  од 93 волти дали треба таков напон да дава  или пак трафото е зезнато  па одреден период дава напон одреден не.  Инаку ознаката на трафото е 717232-51
--- End quote ---

Хм... сигурен си дека е врзано ова трафо за триакот? Бидејќи некако не ми прави логика. Обично тие мотори работат на мрежен напон (220, 230V) и не се напојуваат преку трафо. Да не случајно е филтер тоа трафо?

LordZi:
Ако е тороидче или ептен мало феритно најверојатно е побудно трафо за триакот.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version