Електронски уреди > Аудио опрема

Сервис (промена на кабелче) на Marshall Minor II Bluetooth слушалки

<< < (2/3) > >>

krema:
Вакви кабли од глувче има и потенки и не толку крути, така да и ова е добра опција.

dr-mr:
Незнам каков кабел се користи кај тие слушалки, мислам дека кабел од обични слушалки со микрофон ке одговара.
Обични жичани слушалки со микрофон би требало да ги има во секоја продавница за мкобилна галантерија, ги има и со секој купен телефон(не викам да купуваш нов телефон за слушалките).

GigaWatt:

--- Quote from: Mkdsime on 25.11.2020, Wednesday, 20:35:00 ---Дали ако се стави усб кабел од глувче за компјутер(тастатура итн.) што има 5 жици (дата +, дата -, напјување +, напојување - и уште една жица како заземјување што се поврзува за металните куќишта на усб конекторите) би имал драстична разлика во квалитетот на звукот ?
--- End quote ---

Вакви преправки имам правено за слушалки за PC (жичани), баш со кабел наменет за USB (од некој USB принтер ќе да беше... барем така мислам). Не, не само што не прави разлика во звукот, туку баш напротив, дури и подобар звук би требало да добиеш бидејќи кабелот е ширмиран ;).


--- Quote from: tdejan on 25.11.2020, Wednesday, 17:29:33 ---според клипот кабелот е 5-жилен, каков што уствари е обичен кабел од најобични жичани слушалки? 2 жили за слушалката и 3 жили за батерија. не би можел таков да употребам?
поздрав
--- End quote ---

Најчесто и тие што се жичаните (класичните, со микрофонче на нив) имаат 5 жили, барем до разделникот (некои имаат и 4, зависи од изведбата), така да, ако има 5 жили, може да го искористиш ;).

Овие што се баш наменети за PC, сигурно имаат 5 жили бидејќи масата за микрофонот е одделна. Зошто, не знам, иако во PC масите се заеднички. Еднаш пробав да терам со заедничка маса и за микрофон и за слушалки, т.е. да користам 4 жили (L, R, GND и Mic) и сигналот од микрофонот беше многу послаб. Немав време да навлегувам зошто е ова вака, го земав како здраво за готово, го сменив кабелот со 5 жилен и сигналот од микрофонот си се врати во нормала ;).

tdejan:
Ги отворив маршалот, и да, кабелот е со 5 жили до слушалката, и си најдов и кабелче од обични жичани слушалки со 5 жили.



е сега уште да најдам коректен сервисер да ги среди, искрено мене не ми фаќа раката за толку пипава работа, одамна не сум работел а слушалките не се ефтини да си играм (и да се учам ) на нив  ;D

прво ќе пробам со дечкото од Алфа Аудио, рече дека би можел да ги среди ако одговарал кабелот.

tdejan:
Кабелче најдов одлично за сервисирањет, ама обидот со Алфа Аудио сервис неуспешн: при сервисирањето во Логинг ја залепиле плочката на куќиште и сервисерот ми рече дека му е страв да ја одлепува и дека е многу пипава работа. Јас му реков па со алкохол или фен да проба, не, ми рече не се нафаќа, многу работа било и ризично.
Инаку за овие слушалки има одлични туторијали на Youtube како се отвораат и сервисираат, ама реков, мене не ми фаќа раката.
Следно сакав во Зец Електроникс ама таму само да ги примат ми вели обавезно 600мкд па после ќе видиме дали ќе ги поправиме.
И сега? совет за специјалист со оваа проблематика? знам дека е пипава, ама разберете ме дека ова се екстремно скапи и квалитетни слушалки и би сакал да ги поправам.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version