Електронски уреди > Аудио опрема

Сервис (промена на кабелче) на Marshall Minor II Bluetooth слушалки

(1/3) > >>

tdejan:
здраво на сите
имам Marshall minor II bluetooth слушалки:



имав несреќен случај и кабелчето од слушалка до микрофон се сецна  :( го однесов во Логинг, меѓутоа таму го скратија со забелешка дека тоа можеле и сега слушалките се неупотребливи, тежината на слушалката и микфонот ги паѓаат долу и не стојат на увото.
Во Мими музика ми рекоа дека не може да сервисираат, специфичен бил типот на кабел, во Зец Електроникс да пробаат без гаранција, во Алфа Аудио исто, да ги видат.
Инаку ова е моделот и типот на кабелот



Дали некој во СК има ваков тип на кабел и би можел да ги сервисира?
Поздрав

LordZi:
Само кабел тешко да најдеш кај нас, едино да најдеш некои ефтини слушалки што имаат сличен кабел на „филинг“и по должина па на него да ги пресадиш микрофонот и слушалките од овие твоите.

tdejan:
здраво, фала ти.
според клипот кабелот е 5-жилен, каков што уствари е обичен кабел од најобични жичани слушалки? 2 жили за слушалката и 3 жили за батерија. не би можел таков да употребам?
поздрав

krema:
Или јас би пробал со кабел од други слушалки да спарам 5 линии и истите во соодветен божур да се вметнат. Не знам колку круто би било, но можеби вреди да се проба па ако ги задоволува потрбите да се замени со проблематичниот кабел.
Пипава работа е секако, но сепак можно е да се средат, види дали ќе најдеш на aliexpress ваков или сличен кабел (секако дека на метро ги продават ваквите специфични кабли). :)

Mkdsime:
Прашање :
Дали ако се стави усб кабел од глувче за компјутер(тастатура итн.) што има 5 жици (дата +, дата -, напјување +, напојување - и уште една жица како заземјување што се поврзува за металните куќишта на усб конекторите) би имал драстична разлика во квалитетот на звукот ? Усб кабелот сигурно ќе биде подебел од оригиналот што се става на слушалки и можеби со поголема отпорност но мислам дека нема да смета затоа што кабелот е краток во овој случај. Јас имам сменето на обични жичани стерео слушалки со микрофон, немаше некое зуење.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version