Аналогна електроника > Напојувања

12V DC to 5V DC USB

<< < (2/4) > >>

bicikle:
При што треба да остане отпорникот, најверојатно некој 1-5к, ако е до тоа, ако не 7805

roliver:
Сепак се работи за кинеска верзија која само го користи УСБ портот а работи на 12В. Broadlink BL1205-P WIFI modul. По се изгледа неработи модулот. Откако го растурив вифи модулот излезе дека сепак 12 волти му било работен напон. Штета што не работи ама тоа е кај нас, и општо за квалитетот на кинеските прозиводи. Видливо во модулот нема ништо спорно

GigaWatt:
Не ми е јасно зошто си го растурал ако е нова климата... однеси го модулот на сервис, ќе ти дадат нов модул.

roliver:
Модулот е во пластично куќиште и лесно се растура (како усб стикце) нема никаква заштита ни лепенка ни ништо, а внатре има лепенка но таа не е воопшто оштетена. Ќе одам во продавницата каде е купена, ако нешто постигнам, чисто се сомневам...

GigaWatt:
Имаш основ да земеш нов, ганц нов е, однеси гаранциски лист. Треба да ти го заменат.

Ако не, може да направиш како што направи еден другар кога не сакаа да му ги вратат парите за еден лаптоп по една недела. Отиди во продавница, од кај и да си го купил, пробај таму да го замениш за нов, ако треба и карај се, ако ништо не постигнеш, почни да се шеташ низ продавница и разгледувај што гледаат муштерии. Кога ќе загледаат нешто, отиди таму као демек и ти си заинтересиран и почни да им збориш колку е тапа „тоа и тоа“, си земал и одма се расипало. По третиот или четвртиот муштерија, ти гарантирам, некој од продавницата ќе дојде и ќе ти рече да го разгледате проблемот што го имате со твојот уред ;). И јас така еднаш направив, функционира, никој не сака лоша реклама ;).

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version